Родителите секогаш ја приметуваат промената кај своето дете, со лесно достапните медицински и развојни информации за децата можат да ја направат споредбата. Особено пред да започне детете со училиште треба да се посвети вимание на говорот. Доколку  забележите некоја отстапка што се однесува на говорно – јазичниот развој на детето, побарајте преглед кај логопед. Нетреба да  чекате дека со тек на време ситуацијата ќе се поправи, некогаш и навистина е така, некогаш и со мала работа (помош) од логопед би можело да се поправи говорот. Во продолжение ви даваме информација за тоа што значи логопедски третман.

Логопедскиот третман подразбира теорија и пракса во корекцијата , ремедијацијата и хабилитацијата , односно рехабилитацијата на пациентите со патологија во вербалната комуникација, односно со говорно – јазични пореметувања.

Логопедскиот третман го сочинуваат 4 фактора: логопед, логопат, план и програма и технологија.

ЛОГОПЕД – рехабилитатор е едуцирано стручно лице кое го органзиира, координира и спроведува логопедско – рехабилитациски третман

ЛОГОПАТ – рехабилитант е пациент со патологија во вербалната комуникација ( говорно –јазични нарушувања) кој е подложен на рехабилитациски третман

 ПЛАН И ПРОГРАМА– го одредуваат времето, распоредот, редоследот и содржината на рехабилитациски третман

ТЕХНОЛОГИЈА – ги одредува принципите , средствата и методите на содржината на рехабилитацискиот третман

Структурата на логопедскиот третман ја сочинуваат :

  • Организација
  • План
  • Програма
  • Технологија и техника на работа

Под организација на систенот на логопедскиот третман се подразбира уредување и координирање на одредени наворешни и внатрешни фактори, постои надворешна и внатрешна организација на системотНадворешна организација – подразбира  поврзување , обезбедување и прилагодување на наворешните фактори заради поволни објективни услови за третман. Таа опфаќа ( локација, кадровски услови, просторни, временски, технички услови, облици и видови на третман

Под локација се подразбира местото каде што се остварува програмата  на третманот. Таа може да биде интра и екстра институционална.

Интра институционалниот третман се остварува  во логопедскиот кабинет,  логопедска амбуланта итн, а екстра институционален третман се остварува во болничка просторија, во образовна, работна просторија , во семејството итн.

Под кадровски услови се подразбира обезбеденост со логопедски кадар за монопрофесионална и тимска работа

Под временски услови се подразбира времетраење на индивидуалниот и групниот третман

Просторните услови се многу значајни во организацијата на логопедскиот третман , затоа што без соодветен и адекватно организиран простор, не можат со успех да се применат сите облици на работа.

Техничките услови се значаен фактор во организацијата и структурата на логопедскиот третман.

Постојат 2 облика на организација на работата: индивидуален и групен.

Внатрешна организација –подразбира структурирање на процесот на третман во одредена временска единица, па заради тоа се нарекува артикулација на структурата на логопедскиот третман.

ПЛАН– е основниот предуслов за почеток и спроведување на процесот на третманот

 ПРОГРАМАТА – Е основа на логопедскиот третман

ЛОГОПЕДСКА ТЕХНОЛОГИЈА –Се подразбира системска група на принципи на средства и методи за рехабилитација на пациенти со патологија во вербалната комуникација

 СРЕДСТВА – Средствата за работа се еден од факторите за логопедскиот рехабилитациски третман. Модерната клиничка логопедија денес располага со голем број специјализирани технички средства кои овозможуваат апликација на голем број различни видови логопедска терапија , што го прават третманот поквалитетен и поефикасен.

Автор:

        Ивана Урдаревиќ,   лиценциран логопед. Магистер по специјална едукација и рехабилитација

Photo by cottonbro from Pexels

Photo by Julia M Cameron from Pexels