Вие сте среќата, создавајте ја насекаде околу вас! Напавете си го денот а и животот убав, весел и исполнет со увави луѓе, искрени пријателства и незаборавни мигови 😉
Денеска е Меѓубароден ден на среќата, 20 Mарт се прославува како Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет.  Ќесто пати ќе слушнеме дека среќата ја чинат малите работи, секојдневни ситници на кои често знаеме да не посветиме внимание. Ако сакате да се чувстувате подобро и да  бидете среќна личност, не ви е потребно многу, среќата ја прават малите работи со многу позитивна емергија.

Како да придинесеме за да бидеме среќни?

1.Првиот чекор да се прифатиме себе си какви што сме и да дадеме живот во нашиот живот!  Истражувањата покажале дека среќните луѓе генерално имаат скромни очекувања и апсирации. Суштината во сето тоа е да  знаеме да уживаме во благодетите кои ги имаме, а не да се жалиме постојано од се исешто.  Зборувањето за другите и негативните работи се само губење време.

2.Вториот чекор е да знаеме да уживаме во се, ама апсолутно во се што правиме! Всушност работете го она во што уживате и уживајте во она што го работите. (ова е добро позната изрека, и навистина е така!) Експертите велат дека токму ова е  е најдобриот  рецепт за среќа.

3. Третиот чекор за да бидете среќни е да ја живеете  сегашноста! Не треба да се  жалиме  за минатото, за изборите кои што сме ги направиле и што требало да се направат (било и поминало). Не треба и да се  идеализира иднината. Не треба да се  грижиме однапред за работите, на нив не може да влијаеме. Само се троши поеспотребно енергија.

4. Четвртиот чекор е советот на  експертите кои велат  дека треба да го замислете  својот живот како приказна која може да се преправи, допише, измени. Овој флексибилен пристап бара позитивно мислење, поточно изборот е да се биде среќен и да се привлекува среќата.  На нашата среќа многу влијаат другите  луѓе, всушност ако од нив добиеме поддршка и ако им пружаме одредено задоволство, се чувстуваме добро. Истражувањата покажале дека луѓете кои се во брак се посреќни, отколку оние кои се сами.

5.Пето, секогаш треба мислите да ни бидат насочени кон позитивното.Не заборавајте дека среќните личности во се гледаат позитивна страна.

6. Шестиот начин за да бидеме среќни е токму да бидеме исполнети што би значело – Постојанода се  работи по нешто. Работете на себе и своето развивање  бидете отворени, силни, сакајте да сте постојано во друштво и дружење. Луѓето кои постојано се во тек, се задоволни и секако среќни, бидејки постојано нешто им се случува.

7. За да бидете среќни треба да ги одбегнувате споредбите. Амбицијата е здрава и ги прави луѓето среќни, но не заборавајте дека  зависта го уништува човекот. Не се споредувајте со никој и со ништо, во срцето бидете искрено среќни, радувајте се на туѓите успеси!   Задоволните лица се спонтани, природни. Не треба да Ви биде битно  што другите мислат за вас!

Се надеваме дека денеска влијаевме на вашето расположение, ја поттикнавме среќата околу вас. Не заборавајте дека “Среќните луѓе не размислуваат за среќата, за неа размислуваат несреќните“. Не размислувајте за среќата туку истата создавајте ја оклолу вас!