Тимот на метаболизам.мк ја запозна Наде Василевска за оваа девојка во Скопје многу се зборува.  За неа дознавме дека е многу дисциплинирана, темелна и строга кога организира тренинзи, ви дава режим на исхрана и доколку сте дисциплинирани резулатите се незаменливи без никакви јо-јо ефекти. Таа е многу пријатна и на нашето прашање како да сте стопи салото на стомакот таа ни одговори?

Во мојата работа со клиенти, најчест проблем биле мастите околу абдоменот кои се многу опасни затоа што ги обвиткуваат сите наши органи. И најчесто прашање е ‘Која е идеална вежба да го симнам стомакот’… за жал не постои, но еве и зошто, а и како да го решиме тој проблем.

Дали со стомачни може да се намалат мастите на стомакот?

Одговорот е не.

Но, со вежбање на таргетирани зони како стомачните мускули ќе се подобри циркулацијата во тој дел па мастите побрзо ќе се топат, но не и само со вежби за стомачни.

Потребно е да се вежба целото тело, затоа што стомачните мускули се мали за разлика од другите мускули на телото, па затоа потребно е да се вежба целото тело за да се потроши повеќе енергија (калории) што ќе помогне за топење на тој дел.

Мастите наталожени на абдоменот се покомплексни од оние на останатите делови на телото, на тој дел циркулацијата на крв е послаба па затоа и повеќе се таложат во повеќето случаи на тој дел, а последни се намалуваат.

Но, не е невозможно само е потребно време и работа на себе.

Ако се наталожиле за 5, 10, 20 години не можеме да очекуваме дека ќе имаме six pack за 3 месеци.

Секако, се од наведеното е безцелно ако не сме во калориски дефицит и немаме исхрана според сопствените стандарди на нашиот организам.

Овие 4 вежби работете ги секој ден. Првата недела по 30секунди секоја вежба. Втората недела по 1 минута секоја вежба.