Диоптра оптикс прослави 30 години од своето постоење. Во Музејот на македонска борба за независност се организираше незаборавна прослава во која присуствуваа голем број на видни личности кои со своето присуство одадоа почит за работата и успехот кој го поседува овој бренд.

На почетокот од настанот присутните гости беа пречекани од домаќините кои со чаша ладно Просеко имаа можност да ја посетат малата музејска галерија на очилата Диоптра. Забавата започна на голема сцена во преубаво аранжираниот надворешен амбиент на Музејот покрај реката Вардар. Топло добредојде и специјална песна за Диоптра подготви маестро Игор Џамбазов во придружба на Гуру Харе. Официјалниот домакин на настанот беше Анкица Стојановска Митровска која на сцената ја покани Марија Костуранова (Сопственичката на ланецот на оптики Диоптра), низ емоции се поделија благодарници на лојални семјства, соработници, бренд амбасадори, Сцената на Диоптра блескаше со настапите на Игор Џамбазов, Гуру Харе, Тамара Тодевска, Влатко Лозаноски, Огнен Здравковки како и младата надеж со милозвучен глас Марија Спасовска. Настанот 30 години Диоптра Оптикс е главна тема деновиве во Македонската метропола, убави гости, одлично расположение, убава музика, храна, пијалоци како и спектакуларен огномет.

Сопственичката Марија Костуранова им заблагодари на присутните за одвоеното време и за тоа што се дел од приказната на Диоптра, се заблагодари на родителите кои несебично ја поддрувале во секоја одлука. Кажа дека го носи генот на својот покоент тако за бизнис,како и за финансии и упорност додека инаетот е  наследство од нејзината мајка која беше присутна во првите редови. Во својот говор направи една одлична паралела на минатото, сегашноста и иднината. А за иднината има кому да го наследи овој бренд тоа се  нејзините ќерки близначки Ана и Миа кои полека но сигурно ги изучуваат тајните на овој бизнис.

30 години најдобри, најуспешни, најнаградувани и бренд кој отсекогаш се издвојувал со квалиетет, квалитетна услуга и инвентивност.  Приказната на Диоптра започнува далечната 1993 година, точно пред 30 години  кога Марија Костуранова вратена со многу знаење и идеи од Хрватска одлучува самата да отвори оптика во родната Струмица. Во тоа време мала, модерна и со иновативен пристап, подоцна водена од својот сон и желбата да отвори оптика која еден ден ќе биде лулката на модните настанни и ќе биде ставена на мапата на светски познатите брендови за промоција на очила, одлучува да го зголеми својот бизнис да го инвестира сиот стекнат капитал и да отвори убава и голема оптика во Центарот на Скопје спроти познатото кафе Корзо. Набргу потоа незапирливата Марија отвора голема Оптика во ГТЦ (каква што нема во регионот).

(Првата оптика на Диоптра)

Денес Диоптра претставува бренд кој асоцира на луксуз, престиж, иновативност, инвентивност и Оптики кои се единствени во регионот по својот концепт на работа, креативен менаџерски пристап како и прекрасен и услужлив кадар. Во 2013-та година во Трговскиот центар во  Лептокарија со отвора нова Оптика на Диоптра. Истата година со шпанскиот бренд Етниа Барселона се потпиша договор за дистрибуција,  така оваа Марка на очила стануваат најпопуларни кај нас.  Во 2014  година во Палма Мол во Тетово се отвори оптика за која многу се зборуваше, елегантна, едноставна, софистицирана и истовремено авангардна оптика на Диоптра. Во 2015 –та година се отвори првиот Аутлет на Диоптра во Т.Ц. Беверли Хилс. Во 2016 година во болницата Аџи Бадем Систина Диоптра Оптикс отвори своја оптика, истата година во Т.Ц. Лептокарија на нова локација се отвора  нов салон. Во 2017 годнина во Срцето на Скопје се отвори премиум салонот Диоптра Котур,  оптика по теркот на светските и уникатни оптики како што има само во неколку светски метрополи.  Еден иновативен и сосема различен концепт на услуга и луксуз наспроти услужливост и пријатно чувство на гостопримливост. Лоцирана на  луксузната и претставителна страна на Хотел Мериот, која се простира два спрата на 200 кватдратни метри, заслужено ја добива етикецијата за  најдобрата отптика во регионот. Оваа оптика набргу по своето отворање се става на мапата на светски промоции на познати брендови и имиња како Кристијан Рот, Ерик Домеж, Дита, Москот,Картие, Бушерон, Линберг и други.  Во 2018 година по повод 25 години Диоптра  се организираа разни настани, промоции, гостувања како и голема забава во инпозантниот Куршумли-Ан. Во Јули 2019 година во Т.Ц. Лептокарија на нова локација се отвора  нов сопствен елитен салон со концертно матине на Влатко Лозаноски. Во Ноември 2019 година се отвори нов сопствен салон во Аеродром. Во 2021 годнина се отвори нов, елитен, најсовремен салон на Диоптра во Ист Гејт Мол со огромен избор на брендови,модели и дизајни. Со внимателен избор набезвременски модели за различни па дури и пребирливи вкусови. Во 2022 година беа единствени во регионот кои организираа големи промоции на Валентино, Балмеин, Акони. Во 2022 година се организираше голем Дита настан кој беше во рамките на одбележувањето на 5 години Диоптра Котур. На многу оригинален начин Диоптра прослави  30 годнини од своето постоење.

 Диоптра Оптикс, синоним на престиж, уникатност, иновативност, препознатливост. Делува светски а е наше, единствени и најдобри во регионот и европа и драги соработници на светски познати модни брендови и куќи. Да се промовира нова колекција во Диоптра Котур е привилегија на најдобрите!

Погледнете како изгледаше забавата низ неколку фотографии: