Корона вирусот зема замав низ светот.  Повеќе од 60 милиони луѓе во светот се инфицирале од овој вирус.

САД имаат најмногу заразени, над 12 милиони, зад нив е  Индија со над 9 милиони и Бразил -над 6 милиони луѓе.

Вирусот досега одзеде повеќе  1.5  милиони животи, повеќе од една четвртина од смртните случаи се во САД.

AstraZeneca неодамна  соопшти декасо  клиничките испитувањакои ги спровеле  за својата  вакцина за Ковид-19 во Британија и Бразил покажале „висока ефикасност во спречување на Ковид-19“ без „хоспитализации или сериозни случаи на болеста“ кај сите пријавени волонтери.

Кога станува збор за ефикасноста оваа Англиска фармацевтска компанија тестирањето ги имаше извршено на  два начина на дозирање, за кој резултатите се следните: Едниот има ефикасност од 90% додека другиот од 70%.

Од компанијата  AstraZeneca најавија и дополнителни анализи и собирање на податоци за да се  подобрат податоците за ефикасноста и ќе се утврди долготрајноста на заштитата“ .

Според она што се зборува во светот се верува дека  имаме ефективна вакцина која ќе спаси многу животи.

Секако целосната анализа и резултатите детално ќе ги обзнанат независни експерти. .

Претходно и комапниите  Pfizer и Moderna преку објави се пофалија  дека резултатите од испитувањата за нивните вакцини покажале дека нивната ефикасност е  речиси 95%.

Државите почнаа да изготвуваат планови за дистрибуција на вакцини. Во повеќето земји вакцинирањето е започнато.