ДА ИМ ПОДАДЕМЕ РАКА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП! Светски ден на лицата со хендикеп!
Денеска 3.12.2020 се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Според податоците кои официјално ги објави СЗО, над една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на евидентиран хендикеп. Глобално има пораст на хронични здравствени состојби и со тоа стапката на инвалидност постојано расте.
Околку 10 отсто или 200 000 жители се лица со инвалидитет во нашата земја. Третманот кон овие лица за разлика во другите земји кај нас сеуште е на ниско ниво. На овој ден најмногу им се посветува внимание за потребите и проблемите кои ги имаат и со кои секојдневно се соочуваат овие лица.
Обединетите нации во 1992 година го промовираа овој ден 3-ти Декемви како меѓународен ден за лицата со посебни потреби со цел да се влијае на свеста кон подобро разбирање, прифаќање на луѓето со хендикеп. Поттик за луѓето и политичарите да бидат посвесни и совесни за потребите, достоинството и благосостојбата на овие лица.
Овој ден не е посветен само за лицата со ментален или физички хендикеп, туку и ги опфаќа лицата со аутизам, мултиплекс склероза, Даунов синдром и други.
Статистиката вели дека земјите кои остваруваат пониски приходи имааат повисока преваленција на инвалидност и инвалидитет за разлика од оние земји со повисок стандард и приходи. Попреченост имаат повеќе жените, по нов постарите лица, децата и сиромашните лица.
Тимот на Метаболизам.мк ве замолува да погледнете околу вас, да им помогнете на лицата со хендикеп, да им подадете рака и тие се лица и деца со свои права и потреби 🙂