Здрави оброци за најмладите
Сите знаеме колку е значајно да имаме здрави навики ,редовни оброци и секако тие оброци да бидат искористени во одреден дел од денот.
Брзото темпо на живот не го овозможуваше распоредот на оброците да биде таков како што јас препорачував на клиентите кои беа на мојот режим на исхрана,и секако наоѓавме начин како да се искористат сите нутриенти во текот на денот.
Бидејки сега се наогаме во вонредна ситуација ограничени ни се активностите,намалена е физичката активност,не го искористуваме сонцето доволно,но сите се наогаме во кујната повеке за разлика од порано.
Изборот на подготовка за оброците зависи од нас .
Но, сега имаме повеке време и сметам дека е идеално време да подготвиме здрави оброци на нашите најмилисо цел да им ги смениме навиките во однос на изборот на храна.
Често пати ние родителите ги советуваме нашите деца дека чипсот е премногу штетен,гумените бонбони исто така,тостот со кулен и салама ) но попусто…
После звоното за оброк во училиштата сите дечиња трчаат во првата трафика да купат од сето ова горе наведено и плус некоја лименка кока кола или фанта, а родителите кој немале доволно време да направат оброк за ручек децата го искористиле за фастфуд храна.
Од овие денови во изолација можеме да извлечеме и позитивна страна , да се посветиме самите на себе си и на нашите деца.
Предлог вкусен појадок може да биде чиа пудинг ,или овесна каша наместо кришка бел леб со паштета и кулен итн
Рецепт
200 мл оризово или бадемово млеко
3 супени лажици чиа семе
1лажичка мед
Овошје по избор
Ужинката може да биде вкусна овошна салата со чај по избор
Секако оброците за ручек треба да бидат искомбинирани со салата сезонска
Сокчињата тетрапак може да се заменат со свежо исцедено овошје
Секако и физичка активност во домашни услови секој ден 30 мин
Нутриционист:Емилија Спасовска Мојсовска