Најдобриот детоксификатор на целото тело Див лук (Сремуш)
Сремуш (Див лук) е самоникна јадлива билка со исклучителна лековитост и широк спектар на делување!
Дивиот лук во 1996-тата година е прогласена за медицинска билка на годината во Европа, а познатиот природонаучник др.Кунцл вели дека ниту една билка на светот не е така делотворна во чистењето на цревата, желудникот и крвта, како што е тоа дивиот лук. Тој има голема лековита моќ, па дури и мечките кога ќе се разбудат од зимскиот сон(хибернација) , го бараат дивиот лук за да ги исчистат желудникот, цревата и крвта, па оттаму и едно од народните имиња на оваа билка е мечкин лук.

Дивиот лук содржи есенцијални масла богати со алин, изоалин и други сулфидни соединенија. Младите листови имаат 20-50 mg витамин Ц и околу 7% каротен.

Содржи алицин, еден од најмоќните антимикробни елементи во природата, па го нарекуваат и природен антибиотик. Поради високото количество аденозин, дури 20 пати е полековит од обичниот лук.
Одличен против вируси, бактерии, габички и паразити
Дивиот лук го намалува високиот крвен притисок, ја намалува количината на
липиди, триглицериди и холестерол и делува како антиоксиданс. Исто така,
помага при настинки бидејќи има антибактериско дејство, штити од атеросклероза, не дозволува соединување на тромбоцитите и помага кај проблемите со чир на желудник.

Дивиот лук помага во подобрување на циркулацијата, благотворно делува на срцето, има антимикробно дејство(спречува инфекции и го забрзува зараснувањето на раните), го чисти организмот од штетни материи (пушење,алкохол и др.) покажува добро дејство во респираторните заболувања(бронхитис,астма и др.) и зацелување на рани(дерматитис итн). Дивиот лук (сремуш) е природен антиоксиданс и влијае во подобрувањето на имунитетот. Ефикасен е против цревни паразити кај деца и ја стимулира работата на желудникот и цревата.

Освен тоа дивиот лук (сремуш) може да се користи и надворешно, за измивање на косата со кое го спречува сезонското опаѓање на косата. Најдобро е неговото дејство тогаш кога капки од див лук се измешат со шампон од коприва и со тоа се мие косата два пати неделно. Така на природен и загарантиран начин ќе го намалите опаѓањето на косата.
Дивиот лук, за жал не е достапен преку целата година, но набран во фрижидер може да се чува неколку денови. Со стоење и готвење ги губи лековитите својства па затоа може да се направат неколку природни лекови од него, тинктура од див лук, масло од див лик(мацерат), оцет од див лук, мед со див лук, како и природно сушен див лук.

Автор: Нутроционист М-р.Љупче Бубе Трајчев