Познатиот виолонист Зоран Џорлев на својот ФБ профил ги  обзнани своите рецепти за подобар и појак имунитет.  За првиот рецепт потребни  ви се следните состојки: Лимон, ѓумбир и мед.

  • 1килограм мед
  • 3големи лимони
  • 150 грама ѓумбир

Постапката е следна: Измијте го убаво лимонот и оставете го еден час да отстоиу во раствор за чистење на јужно овошје. Потоа исецкајте го лимонот на тенки кришки, од ѓумбирот излупете ја кората, па пота редете ред лимон, ред ѓумбир,во една тегла потоа  наредените кришки полијте ги со мед. Убаво се полни теглата со мед. Затворете ја теглата и држете ја во фрижидер од 5 до 7 дена. Од целата смеса конзумирајте по една лажица дневно.

Вториот природен рецепт вели дека е вистински еликсир кој ќе направи вистинско чудо во телото доколку редовно се конзумира. Потребни ви се лук и мед и заедно во комбинација делуваат како дневна инфузија.

Лукот има антиоксидативно својство, и нуди безброј бенефити. Во својот состав има алицин за кое знаеме дека докажано го намалува холестеролот во крвта. Тој е нискокалоричен и богат е со хранливи мтерии, содржи витамини Б6,Ц,Селен и влакна.. Содржи витамии Б6, Ц, Селен и влакна.

Медот е одличен против многу заболувања. Содржи екстремно високи антибактериски и антиоксидантски својсвтва. Направте го овој лек за да го појачате имунитетот и да се вревенирате од разни заболувања и воспалувања.  Овие две состојки кога ќе ги соедините ќе дејствуваат како вистинска инфузија.

Исчистите ги убаво  чешнињата  лук и оставете ги да отстојат во мед неколку денови.   Потоа секојдневно конзумирајте од мешавината по една лажица. Ќе бидете изненадени од резилтатите во препорачува Зоран Џорлев.

 

Фотографиите и рецептите ни се отстапени од Зоран Џорлев, превземени од неговиот Фејзбук профил.