Студио Cut & Cut – За 15 години работа не препознаваат по квалитет
За да имате негувана и убава коса не е потребен само добар шампон и регенератор туку потребна е стручна грижа за негувана, здрава и сјајна коса. Колку е една жена или маж негуван и колку е грижлив/а за себе, одговор ќе добиете кога ќе ги погледнете во нивната коса. Дали е правилно и уредно потстрижена, дали е здрава и уредно собрана или пуштена и обликувана. Мажи со брада е навистина тренди но, долга и неуредно потстрижена брада е апсолутно аут. Во Скопје постои еден модерен, урбан фризерски салон кој деновиве го слави својот 15-ти роденден. Студиото Cut & Cut го препознаваат по квалитет, нормални цени и тоа што своите клиенти остануваат лојани на нивните услуги. Понекогаш она што ќе го посакате како боја на косата, форма, обликување и слично ќе го добиете било каде но она што ќе го добиете во салонот Cut & Cut е пречекот со топлата насмевка на персоналот, вниманието кое ќе ви го посветат и топлиот поздрав до следното видување. За почетоците, за услугите и одржувањето контакт со клиентите зборуваме со креаторите на приказната , брачниот пар Димитар и Валентина Димовски .
Разговорот со нив го започнавме на шега со прашањето: Како е кога покрај брачни другари сте колеги на работа?
Димитар: Одлично е (се смее) Кога постои љубов секако дека постои и колегијалност. Особено кога и двајцата си ја сакаме професијата, кога се надополнуваме со идеите и заедно следиме и коментираме што е актуелно во светот на модата, и кои фризури би можеле да им понудиме на некои клиенти кои многу добро им го познаваме карактерот и желбите. Низ годините научивме понекогаш некои несогласувања од дома да не ги носиме на работа како и кога сме со децата пред нив да не разговараме за работата. Дома зборуваме за домашни, за кој го прошетал песот, каде ќе шетаме и слично.
Валентина: Пред да го отвориме салонот со Диме се договоривме да не ги мешаме работите. Се договоривме дека работата и разговорите за работа остануваат на работа додека приватноста и она што ни се случува во домот останува таму. Убаво е што работиме заедно. Понекогаш од премногу работа во текот на денот ни се случува по некој збор да си кажеме па кога ќе заспијат децата да си разговараме за работа, деца, пријатели и сл. Сега со короната имаме повеќе време за се (се смее)
Фото:Димитар и Валентина Димовски (Сопственици на студио Cut & Cut )
Cut & Cut постои 15 години. Може ли да ни раскажете како растевте низ годините?
Тина: Почнавме да бидам искрена и малку со страв, зошто поинаку е кога сами ќе треба да мислиме на сите давачки и на заработката. Кога човек започнува сопствен бизнис особено кога е од занаетчиска природа секако дека треба да биде сигурен во своите квалитети и талент, треба да се надградува со знаење и да инвестира во новитетите. Ние така и започнавме. Почетоците ни беа во еден помал дуќан, кога стекнавме доверба кај повеќе муштерии и кога ни се зголеми персоналот секако се јави потребата од поголем простор со повеќе работни столчиња и лавори за миење. Кога и тој простор ни стана мал се проширивме и во соседниот простор до нас, низ годините и додававме и некои новитети и ги следевме значајните саеми кои презентираат новитети и организираат разни едукативни работилници.
Димитар: За жал поради короната веќе тие патувања, обуки и семинари се оставени за некои подобри времиња за кои сум сигурен дека многу скоро ќе се вратат. Ние научивме да ја прилагодуваме нашата работа со новото нормално. Кога не прашувате за почетоците и нашата работа низ годините јас би сакал да ги поздравам сите кои беа дел од тимот и приказната наречена Cut & Cut, до сите кои несебично се даваа во работата и придонесоа за квалитетот во услугата кој ни беше и ќе биде приоритет. Јас сум горд на колегите кои со години ја градеа кариерата во Cut & Cut и си отворија свој салон. Горд сум што низ годините со целиот тим станавме едно големо семејство, што сме сведоци на сите убави за жал понекогаш и лоши моменти на клиентите. Водиме компјутерска евиденција за секој клиент и така знаеме секогаш со какви бои сме интервенирале кај клиентите, често се случува некој клиент да ја побара нијансата која сме ја направиле години наназад, ја имаме опцијата за електронско закажување, често клиентите од странство знаат електронски да си закажат при посета на нашата земја. Проверуваме и кога последен пат не посетиле, на колкав временски интервал па согласно тоа ги испраќаме со препорака како да се грижат и да ја негуваат косата до следното видување.
Рековте електронска евиденција, посета на семинари кои за жал сега ги нема, следење на сите трендови. Успеавте ли да се адаптирате на она како што велат новото нормално? Пандемијата погоди многу сектори како е во последната година?
Диме: На почетокот бевме многу исплашени, подолг период беше затворен салонот, потоа смисливме да спремиме пакетчиња за фарбање на коренот и косата. Сетот содржи ракавици, четка, кутија во која се измешани боите како и потребен хидроген за мешање на бојата. Оваа наша идеја помина одлично и се уште ги доставуваме сетовите, во салонот целиот персонал носиме високо заштитни маски, редовно проветруваме, работиме исклучиво со закажување и правиме редовна дезинфекција на салонот, клиентите задолжително носат маска на себе. Обемот на работа е намален (разбирливо) зошто кај многумина постои страв, многумина и работат од дома па не им треба фризер. Ние и во период на корона воведовме и новитет во салонот. Од неодамна покрај фризерските услуги и шминка воведовме и уште една услуга а тоа е маникир и гелни нокти, некои го намалуваат тимот а ние го зголемивме со врвен професионалец – Тања која е прав уметник.
Вашиот салон го посетуваат подеднакво и жените и мажите. Кои се најчестите барања и услуги кои ги користат?
Диме: Мажите ја потстрижуваат косата и брадата, доколку има потреба ги бојадисуваат, жените еднаш месечно задолжително го фарбаат коренот, периодично се шатираат или прават целосна промена на бојата, шишање, и редовно обликување и фенирање. Работиме и со децата, со нив имаме посебна стратегија и им правиме нај-шизички фризури.
Валентина: Додека седат со фарбата на коса можат да направат убав маникир и да бидат супер средени. Би ја издвоила и ко-оперативноста со клиентите, советите кои ги прифаќаат, идеите кои ќе им ги споделиме и препораките кои ги даваме за да продолжат да се негуваат.
Прочитавме на Фејзбук дека бевте меѓу првите салони кои воведовте електронско закажување на клиенти како и електронска евиденција за услугите, отворивте и е-продавница за квалитетни препарати за коса и комплетна нега за мажи. Како се прифаќаат новитетите?
Диме: Би рекол одлично се прифаќаат новитетите. Особено помладите се доста информирани за услугите кои се нудат во светот и затоа и со големо задоволство соработуваат со нас, додека постарите ни веруваат нам. Не инсистираме но доколку ни дадат податоци кога се родени, ги имаме во евиденцијата и електронски им испраќаме роденденска честитка. Ни значи кога некој клиент ќе не означи на социјалните мрежи и јавно ќе ја сподели својата благодарност. Соработуваме и со познати личности и медиуми.
Фото:Димитар Димовски
Постоите 15 години, познати сте по добрата услуга, пристапот со клиентите, какви се вашите планови за во иднина?
Тина: Во минатото работевме согласно потребите, се едуциравме, воведуваме новитети, го зголемуваме тимот и слично. Планот ни е да си ја работите работата што ја сакаме и така успехот ќе се зголемува. Нам препораките од задоволни клиенти многу ни значат.
Диме: Прво да се надеваме дека пандемијата ќе заврши поскоро и дека ќе се вратиме во нормалниот тек. Сакам да ги видам насмевките на клиентите, со душа ги чекаме прегратките. Планот ни е да растеме низ годините што ни следуваат, да се усовршуваме, да патуваме, да воведуваме новитети и да го задржиме квалитетот по кој сме познати! Некои работи не се планираат едноставно нештата оставаат да се случат!