Логопедско – дијагностичка постапка
Говорот е средство за комуницирање со луѓето. За нормален говор кај децата потребни се низа органски, психички и социјални причини. Многу е важно кога разговарате со вашето дете да бидете внимателни слушачи. Со големо значење и внимание да слушате што има и сака да ви каже. Ја контактиравме М-р.Ивана Урдаревиќ- логопед, денешната тема од неа е Логопедска дијагностичка постапка.
Систематското собирање на податоците е од големо значење за говорното однесување на детето.
- Формирање на досието
- Општи податоци за детето и неговото семејство
- Податоци за таткото, мајката, браќата, сестрите и останатите роднини за нивниот говор
- Податоци за физичкиот развој на детето
- Податоци за развојот на говорот и говорното однесување
- Логопедски наод
- Наод од други стручњаци
- Дијагноза
- Прогноза
- Планирање на терапија
- Ретестирање
- Следење на развојот
- Резултати
- Собирање на логопедски наоди
- Испитување на субјазичните функции
- Испитување на функцијата на периферните говорни органи
- Испитување на говорот и јазичните модалитети
- Испитување на секундарните манифестации – цртање, читање, пишување
- Логопедска клиничка хипотеза
Логопедската клиничка хипотеза е потребна од две причини..
- За да му помогне на логопедот да ја одбере постапката и тестовите со кои најчесто ќе ја открие суштината на говорно – јазичните проблеми на детето, функциите кои ја условуваат таквата состојба и функциите кои можат да се користат за надминување на постоечките тешкотии
- Логопедски тестови
Критериуми за избор на логопедските тестови
- Цел на евалуацијата
- Должина на расположливо време за евалуација
- Природата на присутниот проблем во комуникацијата
- Возраста на објектот за евалуација
- Нивото на интелегенција на објектот на евалуација
- Објективни услови за евалуација
- Едуцираност, стручност на логопедот
При изборот на тетсовите , тргнувајќи од основните критериуми, мора да се земат во предвид следните фактори..
- Дали тестот обезбедува дијагностички информации до кои не може да се дојде со помош на други дијагностички постапки
- Дали можат да се дадат инструкции без долги објаснувања
- Дали тестот е релативно лесен за аминистрирање и бодирање
- Дали е економичен, со оглед на времето за изведување и физичката кондиција на испитаниците
- Дали теориските основи на конструкција на тестот се во согласност со теориските определби и верувања на испитувачот како во адекватноста на самиот инструмент, така и во објективноста, прецизноста, точноста и валидноста на добиените резултати
- Дали дозволува бодирање
- Дали е стандардизиран
- Дали е доволно практичен за добиените резултати од мерењето да можат логички да помогнат во изготвувањето на програмата за третман
- Дали го повредува интегритетот на испитаникот и дали мерната инструментација е усогласена со неговата возраст и ментална зрелост
- Дали е дискриминативен, чувствителен, објективен и соодветен мерен инструмент , дали ги дава истите резултати од мерењето кога е спроведен во исти мерни услови, од страна на другите испитувачи на други објекти на мерење, со исти проблеми во комуникацијата.
- На кој начин тетсот е стандардизиран и дали неговото упатство е јасно и инструктивно
Како и секој инструмент така и тестот може да биде добро или лошо употребен, со последици или без последици, со подобри или послаби резултати. Во логопедската дијагностичка пракса при примената на тест-мерната инструментација може да дојде до..
- Прекумерно тестирање
- Недоволно тестирање
- Неправилен избор на тестови
Автор:
М-р Ивана Урдаревиќ,Логопед
Спец. едукатор и рехабилитатор