Новите мутации во SARS-CoV-2 коронавирусот не треба да не паничат!
Медицина
Новата (новите) мутации во SARS-CoV-2 коронавирусот нити се неочекувани, нити треба да водат до паника. Како и секој вирус, така и SARS-CoV-2 кога се дели природно се појавуваат мутации, бидејќи процесот на делба е неперфектен. Досега се детектирани илјадници мутации, но само мал број од нив значајно и функционално го променуваат вирусот.
За разлика од инфлуенца вирусите, SARS-CoV-2 акумулира мутации далеку побавно.
Најчесто овие мутации за користат како индикатор (баркод, маркер) за следење на епидемиолошки особености, како на пример поврзаност и потекло на кластери и единки во кластерите. Вака на својот ФБ профил ни даде објаснување познатиот молекуларен биолог Горан Кунгуловски од Истражувачкиот центар за применета микробиологија и Биотехнологија Био-Инженеринг.

Горан вели дека според прелиминарните извештаи, новиот сој во Велика Британија е дефиниран од 14 мутации и 3 делеции и изгледа како да води до зголемена преносливост на вирусот, но не и до негативно влијание на клиничката слика. Најзначајните од нив се во spike генот: N501Y којашто е на позиција во рецептор-сврзувачкиот дел (RBD) кој директно обавува контакт со ACE2 рецепторот и веројатно го зголемува афинитетот кон него. Делецијата 69-70del, нејзината улога не се знае. P681H мутацијата пак се наоѓа на furin-засечното место во spike коешто може да има улога во влезот на вирусот во клетките.
Не би требало да има влијание врз ефикасноста на вакцините на Pfizer/BioNTech и Moderna но останува да видиме. Убавината на овие РНК вакцини е што со истата технологија и ланец на производство и тестирање, теоретски може веднаш (или релативно брзо) да се направи вакцина за било кој нов сој што произлегува од мутации во Spike протеинот.
Ова се прелиминарни податоци и потребни се додатни студии и секвенционирања. Не треба да се паничи, се гледа крајот на тунелот.
Популарно
Последни Објави
- Донација за Децата со Посебни потреби за ОУ.Невеа Ѓеоргиева-Дуња, проект Диферент
- Искористување на потенцијалите на ДНК анализата – разговор со Д-р.Роберт Јаневски
- Најголемата поддршка ми ја дава семејството-Орце Ѓорѓиевски (кандидат за градоначалник на Кисела Вода)
- Хуманитарен проект – Different е наменет за лицата со попреченост
- Светски ден на матичните лекари