РУРАЛНОТО Е МОДЕРНО!!!   Се почесто ќе го слушнеме или ќе го прочитаме овој коментар. Поради брзиот начин на живот, работните обврски и слично се почесто ја изостануваме здравата храна, органските производи и козметика. Пандемијата со Корона вирусот не успори малку,  остави простор да размислиме дали се храниме здраво, дали живееме во склад со природата. Многу возрасни луѓе ги врати во своите родни краишта, тие  се свртеа кон одгледување на свои производи  уживајки ги бенефитите на чистиот воздух и убавата природа која ја нуди Македонија. Метаболизам.мк  ве запознава со Андријана Ќирковиќ, млада мајка на две малолетни деца која го напушти гратскиот метеж, веќе неклолку години со своето семејство живее во околината на Скопје, во склад со природата. Нејзината приказна не заинтересира, во моментов е актуелна на социјалните мрежи со нејзините органски сапуни „УМА„ нам не инспирираше  нејзината енергија, одлучност и оригиналност и затоа нејзината приказна која сакавме да ја споделиме со вас! 

1.Андријана вие сте поборник  на здравата храна и здравиот начин на живот, какви промени и жртви направивте со сeмејството за да уживате во благодетите/плодовите на природата?

 – Со оглед на денешното загадување на воздухот па и на останатите ресурси мислам дека секој човек  би требало да обрне  внимание за тоа што внесува во својот организам, бидејќи сметам дека здравјето треба да ни биде на прво место, исто така и здравјето на нашите дечиња. Токму заради тоа јас и моето семејство решивме, онолку колку што сме во можност да си создаваме сопствена храна. Најнапред  на Матка ја создадовме нашата бавча каде што садиме сезонски зеленчук, во дворот имаме неколку различни дрвца со овошки, потоа  направивме скромна фарма со кокошки кои ги храниме со природна храна или најчесто се пуштени во дворот за самите да се хранат со природните состојки од нашиот двор а тие за возврат ни даваат свежи, природни јајца. Недалеку од нашата куќа имаме плац на кој што насадивме околу 200 садници Лески, така што во иднина чекаме зголемен род на органски лешничиња. Најпосле отпочна моето производство на органски сапуни.

Кога ме прашувате каква жртва сме направиле, мислите на тоа од што се’ сме се откажале за да уживаме во благодетите од природа, но, од оваа перспектива можам да кажам дека ние сме она што го живееме и не го чувствуваме како жртвување или нелагодност туку напротив, уживаме во се’ што правиме и го правиме тоа со љубов и кон природата и кон самите себе.

  1. Како вашето синче реагира на вашата мини фарма дома и на органските овошки и зеленчуци кои ги одгледувате?

– Исак има две години и е среќнo дете. Тој е постојано надвор во дворот без разлика на временските услови и постојано е вклучен во работните обвски на татко му, па така, додека татко му ја градеше фармата, Исак постојано му помагаше. Кога ги донесовме пилињата тој беше неизмерно среќен, се гушкаше со нив, ги држеше во рака, заедно им носевме храна..

Исак многу сака тој да полева , многу е среќен  кога облекува  гумени чизмички исто како мама и тато а најсреќен е кога целосно ќе се намокри додека полеваме. Секако, нашите свежи салати ги обожува.

 

  1. Имате ли помош и подршка од семејството?

– Првичната реакција на нашите најблиски, повозрасните (зборувам за потесн круг на блиски) секогаш била со негативен став, но  понатаму,  кога ќе ја увидат нашата упорност и работа со љубов се препуштаат во приказната па дури и заедно уживаме во бенефитот од нашите производи. Од младата популација сме 100% подржани.

Помош ни е секогаш добредојдена.

  1. На социјалните мрежи станавте актуелна со палетата на органски сапуни за сите типови на кожа. Како започна оваа приказна?

– Бидејќи не користам хемиска козметика или многу ретко ја употребувам, решив да си направам сапун со кој што ќе можам секојдневно да водам хигиена на кожата. Таа како и останатите органи од нашето тело не би требало да ја занемаруваме. Значи, направив сапун кој што сметав дека е соодветен за мојот тип на кожа и толку многу ми се допадна што веднаш добив желба да го споделам ова искуство и со останатите, особено  со оние кој што имаат проблематична кожа. Од тука, направив наредна тура за сува кожа, па за масна кожа, за акни, за егзема, сапун за сите типови на кожа па дури и сапун за коса.

Органските сапуни “УМА” се рачно изработени сапуни со ладна постапка на сапунификација и немаат никакви вештачки додатоци, бои и мириси.

Не содржат конзерванси ниту хемиски адитиви. Сапуните имаат додатоци на внимателно одбрани растенија, зачини, сушени билки, цветови или етерични масла, кои не само што допринесуваатзабојата и мирисоттукуимаат и лековито дејство. Сапуните се изработуваат во мали количини и секој сапун е направен и спакуван рачно.

Базичната предност на рачно изработениот сапун е глицеринот кој се ослободува при процесот на сапунификација и е природен омекнувач на кожата, ја негува кожата и ја задржува нејзината влажност. Сапуните се изработени со комбинации од свинска маст, козјо млеко и растителни масла, но има и вегански сапуни изработени исклучиво од растителни масла и додатоци од растително потекло.

Целиот процес на создавање на сапуните “УМА” вклучувајќи го и еко-пакувањето е проследен со многу труд, внимание и љубов.

  1. Зошто “УМА” ?

– Како збор ми се допадна, делуваше звучно но и префинето, инаку Ума  е вид на глина што во дамнешно време нашите предци ја користеле за чистење на косата и скалпот. па од таму ја добив идејата да направам и сапуни погодни за миење на коса и сапуни со свинска маст против опаѓање на косата. Имам и сапуни со зелена глина што се погодни за кожа со акни и масна кожа.

6.Какво е вашето искуство, сакаат ли македонците да користат, природна козметика?Каков фидбек имате од оние кои ги пробале сапуните?

– Моето искуство покажува дека нашата нација сака префинети работи исто така, повеќето ги ценат ракотворбите, без разлика за каков призвод станува збор. Така што сметам дека голем дел од луѓето преферираат природна козметика. Фидбек добивам слушајќи ги пофалните зборови на оние кои што ги пробале моите сапуни. Задоволните купувачи ми даваат мотив за да продолжам понатаму со нови идеи, како за самите сапуни така и за еко-пакувањата кои правејќи ги подеднакво ме радуваат.

  1. Как омајка на две малолетни дечиња дали им подготвивте бејби сапуни?

Секако. Сапунчиња за лице, раце и тело со маслиново масло, кокосово масло, козјо млекце и какао. Пеперутка, рипче, слонче, зајче и други форми омилени наИсак, моето поголемо детенце. Илина е сеуште мала за да разликува.

  1. Вашата порака до сите жени кои читаат и до  мајките?

– Секоја мајка знае што е најдобро за сопственото дете но несекоја има можност и време да се посвети 100% на семејството. Пораката ми е – колку што е можно повеќе квалитетно време да поминуваат со своите дечиња, да се ориентираат на поздрав начин на живот како исхрана, чист воздух,  да им овозможат на дечињата физичка активнот …и секако многуљубов.

9.Вашата препорака за оние кои сакаат да направат промена во животот? Знаете како велат. Руралното е најдобро!

– Да поминуваме повеќе време во природа, само така ќе го осознаеме вистинскиот принцип на постоењето бидејќи се додека не сфатиме дека и ние луѓето треба да живееме во симбиоза со се’ останато во природата, нема да успееме да се поврземе со неа. Доколку не сме поврзани, нема да не привлекува ниту органско ниту рурално ниту пак здрав начин на живот. Моја препорака за оние кои сакаат но не се одлучни или се плашат да започнат начин на живот како мојот и на моето семејство е, да не бидат мрзеливи, да бидат малку похрабри бидејќи за многу кратко време по одлуката ќе го почувствуваат бенефитот од природата и ќе бидат бчагодарни.