Што е Фибромијалгија и кои се симптомите?
Фибромијалгија е болен синдром кој се карактеризира со генерализирани вонзглобни болки, придружени со други манифестации како што се: замор, главоболка, растројство на сонот, иритабилен колон, иритабилен мочен меур, дисменореа и др.
Ова мултидимензионално заболување е резултат на ендокрина, централна и имунолошка дисфункција. Многу истражувачки центри упатуваат на централна сензитивност. Фибромијалгијата како ексклузивна дијагноза се поставува доцна и на неа се гледа како на нов и интригирачки проблем. Нарушувањето на сонот, незакрепнувачкиот сон е присутен кај фибромијалгијата. Главните тегоби се генерализирани болки, вкочанетост на телото, особено во рамениот појас.

Клиничките и лабораториските испитувања се нормални. Фибромијалгија може да се појави и кај ревматоиден артритис и кај други ревматски заболувања. Кај пациентите треба да се направат испитувања, со цел да се исклучат други заболувања.
Болеста не е деформирачка и инвалидизирачка.
Во зависност од симптоматологијата, се користат аналгетици, физикални процедури, користење на антидепресиви.
Пациентите треба да го променат стилот на живеење и да почнат со здрава исхрана, вежби, аеробик, намалување на стресот, односно ЗДРАВ ЖИВОТ СО МОБИЛНОСТ!
Доколку се соочувате со било каков здравствен проблем, тимот на специјалисти од МЕДИКА Истанбул Тетово ви стои на располагање да го решат тоа.
Пишува: Проф. Д-р Нада Марина, интернист и субспецијалист по ревматологија од МЕДИКА Истанбул Тетово.
Е-маил: nada.marina@medicaistanbul.mk


