Вагиналните инфекции се едни од најчестите заболувања  кај жените. Ова претставува една од  главните причините за голем број на жени да се упатат кај својот гинеколог и да ги направат гинеколошките испитувања.

Вагиналните инфекции се инфекции коишто ги засегаат женските полови органи, односно вагината.  Меѓутоа, можат да се појават и на надворешните полови органи, како што е вулвата и со тоа го добиваат називот вулвовагинитис. Карактеристични симптоми и знаци за присуство на вагинална инфекција се:

Вагинален секрет проследен со непријатен мирис, чешање, црвенило во пределот на вагината, болка во вид на горење, непријатност или болка за време на уринирање, или за време на сексуален однос.

Дали е нормално присуството на вагинален секрет?

Нормално е вагината да лачи секрет, којшто обично се опишува како чист, или малку заматен, без мирис и неиритирачки. За време на менструалниот циклус, количината и составот на секретот може да се промени. Во одреден период од месецот, може да има мало количество на потечен секрет, а во друг период, погуст секрет. Вака опишаниот вагинален секрет, може да се смета за нормален.

Вагиналниот исцедок, односно секрет, којшто може да биде иритирачки или непријатен, претставува прв показател на вагинална инфекција. Самата иритација, може да предизвика чешање или печење, или и двете.  Чешањето е присутно во текот на целиот ден, но станува понепријатно во текот на ноќта. Овие симптоми, уште повеќе се потенцираат за време, или по сексуален однос.  Особено важно е да го посетите Вашиот гинеколог доколку забележите некоја промена во количината, мирисот, или густината на вагиналниот секрет. Најчести вагинални инфекции се: кандидијаза , или микотични инфекции, бактериски вагинози, трихомонијаза, хламидија, како и инфективни или неинфективни вагинитиси.

И покрај тоа што секоја вагинална инфекција може да има различни симптоми, не секогаш е едноставно за жената да знае за која инфекција станува збор.

Затоа, особено важни се редовните гинеколошки прегледи.

Посетете го Вашиот матичен лекар во МЕДИКА Истанбул Тетово најмалку еднаш во шест месеци и со тоа ќе се заштитите од можните инфекции.

 

                                                                                                                                                                                                      Пишува: Д-р Македонка Наумовска, специјалист по гинекологија и акушерство во МЕДИКА Истанбул Тетово

Е-маил: makedonka.naumovska@medicaistanbul.mk