Меѓународен ден на жената — Се празнува низ светот при што се одбележува на секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.Американската Социјалистичка Партија  се одбележал првиотден на жената.  Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала  во  Копенхаген  е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, 1911 на 19 Март,овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во  Германија, Австрија, Швајцарија и Данска.  На 8ми Март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири.

По  иницијатива на Александра Колонтај , 8 март по прв пат е прогласен за државен празник. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на Феминизмот и разни феминистички организации. Сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник.

Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Белорусија, Русија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Биетнам и Кина. Нашата земја  е една од ретките  во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

Среќен 8-ми март драги жени, мајки, девојки. Бидете живи и здрави, силни и храбри. Грижете се за вашето здравје и здравјето на вашите најмили.