Вовед : diskopathia lumbalis е заболување кое е најчеста причина за јавување на лекар по обичната настинка. Меѓу 65% и 80% од светската популација има болен синдром еднаш во животот.  Ова оболување е причина за намалена работна способност кај пациенти над 45 години,и тоа скапо ги чини и најразвиените земји во светот.

Основна функционална единица на р.бетниот столб е т.н.вертебрален сегмент,кој се состои од два соседни пршлени,интервертебрален диск,два апофизни интервертебрални зглобови и лигаменти(преден и заден надолжен лигамент,жолт лигамент и интерспинален лигамент).

Оваа функционална единица трпи големи механички оптеретувања.

Во лумбалниот сегмент оптеретувањето е најголемо.

Дископатиа претставува пропаѓање на интервертебралниот диск.

Најпрво се развива hondrozis intervertebralis-промена на nucleus pulpozus,се смалува количината на течност,доаѓа до дехидратација на nukleusot, до губиток на еластичноста на ткивото на annulus fibrozus при дејство на траума.

Доаѓа до продирање на nukleusot во пукнатините на anulusot и настанува protruzija na дискот .

Кога настанување ruptura на annulus fibrozus и содржината на nucleus pulpozus продре надвор од diskot станува збор за diskus haerniae.

 

 

Дегенеративните заболување на р.бетниот столб во лумбалниот дел и придонесуваат за појава на акутна и хронична болка .  Болката може да се шири по должината на едната или двете нозе придружени со спазам на PVM и ограничена подвижност на лумбалниот дел.    Може да се јават и сензитивни и моторни нарушувања во долните екстремитети во вид на parestezii и paralizi. Етиологија :

-при оптеретувања (напор,бременост,прекумерна телесна тежина),

-дегенеративни промени на р.бетниот столб-spondilozi I spondoloarthrozi, protruzija ili prolaps na intervertebralniot disk-со herniacija na nukleuso pulpozis во спиналниот канал,што предизвикува механичка компресија на нервен корен,

-spondilolisteza,

– frakturni sostojbi,туморозни формации,метастатски процеси,

-вродени дефекти на лумбален р,бет,

-при нагло зголемување на притисокот во дискусот (дигање на терет,невообичаено движење,кашлање,кивање и др.)

Цел : Со статистички податоци да се констатира предилекционото место на лумбалната дископатиа.

Методи : Во текот на 2017 година со дијагноза discopathia lumbalis се дијагностицирани 480 пациенти.

На ниво L5-S1имаа diskopatia 368 пациенти.

На ниво L4-L5 бројот на пациенти со diskopatia е 146. Дископатиа на ниво L3-L4 имаше кај 86 пациенти.

На ниво L2-L3 бројот на пациенти е 52.

На ниво L1-L2 бројот на пациенти е 245.

Напомена : вкупниот број на diskopathii по сегменти е поголем од вкупниот број на пациенти ,бидејки кај еден пациент се дијагностицирани diskopatii на повеке нивоа. Земено е во обзир секоја diskopathia посебно.

Резултати : Вкупниот број на diskopathii изнесува 897.

Од статистичките податоци јасно се гледа дека на:

прво место е diskopathia L5-S1 со76.7%према број на пациенти или 41% према вкупен број на diskopathii,

второ место е diskopathia L1-L2 со 41% према број на пациенти или 27% према вкупен број diskopathii,

трето место L4–L5 со 30.4% према вкупен број пациенти или 16.3% прма вкупен број на diskopathii,

четврто место L3-L4 со 13.75% према вкупен број пациенти или 9.587% прма вкупен број diskopathii,

пето место е L2-L3 so 10.83% према вкупен број на пациенти или 5.79% према вкупен број на diskopatnii.

Заклучок : Врз горе наведената статистика донесуваме заклучок дека најчеста локализација на diskopathia e на ниво на L5-S1 сегментот.

 

 

Автор.Д-р Толе Битовски – Физиолошко Одделение, Поликлиника Јане Сандански, Ј.З.О. Здравствен дом Скопје