ПОДОБРЕТЕ ЈА КРВТА ПРЕКУ ИСХРАНАТА!!!

 

Анемијата не е болест тоа е состојба на телото која  упатува  на пореметување во организмот или постоење на некој вид на заболување.Кога постои анемија пред се е  потребна причината поради која настанала и за каков вид на анемија станува збор.Дијагнозата се врши со крвна слика и анамнеза која докторот ја зема од пациентот.Крвта се  состои  од( еритоцити,леукоцити и  тромбоцити).Една од најважните функции на  крвта е транспорт на кислород од белите дробови до ткивата,тоа се  овозможува благодарение на еритроцитите т.е. хемоглобинот протеин кој се наога во еритоцитите. Ако од било која причина  се намали концентрацијата на  хемоглобинот и апсолутно намалување на еритоцитите оваа состојба се нарекува анемија.

СИМПТОМИ

 

Малаксаност,  Замор,  Депресија, Тахикардија, Листање на ноктите, Главоболки, вртоглавици, губење на апетит, ладни екстремитети итн.

 

 

 

ВИДОВИ НА АНЕМИЈА

 

Постојат повеке видови на анемија и сите се лечат различно во зависност од причината. Најчест тип на анемија е поради недостаток на Fe(сидеропенична анемија), мегалобластна и пернициозна анемија,но постојат и  типови на анемија кој задаваат доживотни здравствени проблеми.

Сидеропенична анемија може да настане како последица од  не доволно внесување на Fe преку исхраната,загуба на крв, не способност на телото за апсорпција на Fe (Fe се апсорбира во почетнот дел од тенкото црево и при различни заболувања на овој дел од цревото или хируршко отстранување на цревата може да ја наруши нормалната апсорбција на Fe.

Жени со  обилни менструални крварења, Постпородилни крварења,бремени жени, новороденчиња со мала родилна тежина.

Од мегалобластната анемија најчеста е онаа онаа поради недостаток на фолна киселина или витамин B9доколку не е причина исхраната за овој тип на анемија можност за друг проблем е неспособноста да се апсорбира во  доволни количини причина малапсорпција (кронова болест,целијакија), зголемен дефицит (пубертет, бременост или хемолитички анемии, карциноми,  дијареа (итн), лекови (барбитурати ,контацепција, алкохолизам). Лековите против киселина во желудник (антациди) ја блокираат апсорбцијата на фолна киселина.фолната  киселина е важна за правилно развивање на (spina bifida) невралната туба  р бетниот мозок и черпниот мозок за растот и развојот на ткивата итн.

Анемија која се јавува  како недостаток на Б12 е макроцитна мегалобластна анемија (пернициозна анемија)

Најчеста е кај вегетаријанците

Се појавува како гликопротеински недостаток потребен за ресорбција на витамин Б12 кој се јавува како последица на(хроничен атрофичен гастритис, гастероктомија, вроден недости на пепсин и желудочен сок

Малапсорбција на  Б12 (хроничен панкреатит,радијација,ентеритис итн)

Недостаток на транскобаламин(транспоретн протеин на Б12)

Каква храна треба да конзумираме?

 

Железото во исхраната  постои во два облика хем (риба и сите  видови на месо) и не-хем железо(намирници од билно потекло-мешунки,житарици,овошје и зеленчук) овој облик е малку достапен за апсорбција и затоа апосорбцијата  на Fe од билно потекло се зголемува со  витамин Ц

Храната пред се  треба да е избалансира(правилно искомбинирана)

Конзумирањето на риба, печурки, изнутрици, морска храна придонесува за подобрување  на крвната слика но секако треба да се внимава со внесот на изнутриците и да се знае потеклото од истите.

Мешунките  (грав, грашак, лека) и јаткастите плодови, сушено овошје, бобичасти плодови, спирулина, хлорела ,какао, црно чоколадо, овошјето и зеленчукот

Соковата терапија (лимон, цитрусни  овошја, цвекло итн )  го даваат својот бенефит за подобро апсорбирање на железото од мешунките при конзумирњање половина час пред оброк.

Тоа  што треба да се избегнува се млеко и млечни проиводи, кафе и зелен чај.

 

 

Автор: Емилија Спасовска (нутриционист)