Што е Ајурведа?

Зборот ајурведа е составен од два дела ајур и веда.Ајур значи живот а веда мудрост,учење,од тука произлегува дека Ајурведата е учење кое не насочува како да одржуваме константна состојба на здравје.

Се смета дека Ајурведата која потекнува од мистичната Индија е најстариот систем за здравјето на човекот кое треба да се постигне во согласност со природата. Најстарите записи датираат дури неколку илјади години пред нашата ера биле во вид на стихови запишани на дрвени плочки.Врз основа на тие записи во периодот од 300 тата до 500тата год пред нашата ера напишани се двете книги Чарака Самхита и Сушрута Самхита кои се основата на Ајурведата.Всушност без овие две книги веројатно и не би постоела бидејќи во нив детално се опишува како да се третираат разни состојби на телото.

 

Што е здравје според Ајурведа?

 

Бидејќи според Ајурведа нашиот организам го сочинуваат телото,умот и душата ,здравјето е многу повеќе од тоа да немате никаква болест,всушност здравјето се дефинира како состојба во која умот,телото,духот,емоциите и сетилата се во совршен баланс,онака како природата ги дизајнирала да бидат.

-Принципот на Ајурведата

Според Ајурведата ,сите физички материи како и нашето тело се составени од 5 елементи  земја,вода, воздух,етер, оган,овие 5 елементи се претставени преку трите биолошки енергии или така нараечени три доши ,

Вата тоа е кинетичката енергија

Пита топлинската енергија

Кафа потенцијална енергија

Ова се енергиите кои се одговорни за функционирањето на нашиот организам.Учењето на Ајурведата е како овие три енергии да ги одржиме во баланс а со тоа би имале состојба на здраво тело и здрав дух.За таа цел трба да го прилагодиме начинот на живеење согласно нашето пракрити.

Што е пракрити?

 

Пракрити е типот на личноста неговата конституција. Сите ние се рагаме со одредени карактеристики кои не можеме да ги смениме. Значи физичките ,менталните и личните карактеристики на едно лице се неговото пракрити.Лугето во основа се делат на  Вата,Пита и Кафа типови ,но вообичаено е една личност да има карактеристики на една ,две или три доши.  Постојат 7 комбинации на трите доши и со тоа се класифицираат лугето на1.ВАТА тип 2,ПИТА тип,3 КАФА тип, 4 ВАТА-ПИТА тип,5 ПИТА – КАФА тип,6,ВАТА-КАФА тип,7 ВАТА-ПИТА-КАФА тип.

 

Што значат овие комбинации и како се одредува на кој тип на луге припагаме?

 

Ова значи дека со самото рагање односно создавање се формира типот на личноста.Многу е важно да знаеме кој тип на луге сме затоа што така ке знаеме како треба да се храниме и како треба да го организираме нашиот живот.Еве што сакам да кажам .Во денешно време се зборува за здрава храна за спортување значи за еден здрав начин на живот но не секоја здрава храна е добра за секој тип на луге или спортувањето тоа е одлично секоја активност е одлична но треба да се одбере соодветна активност. Еве да го земеме за пример гумбирот тој одговара за Вата и Кафа но не одговара за Пита,Бидејќи тој е топла билка а Пита енергијата е поврзана со елементот оган и како таква ги има карактеристиките на огнот ,таа е жешка па со конзумирање на жешка билка ке се зголеми интензитетот на пита енергијата .Со подолго време неправилна исхрана ке дојде

до дизбалансирање на енергијата и до одредени нарушувања во функционирањето на нашиот организам.Го споменав спортувањето на пример за Вата која е поврзана со елементот на воздухот и е динамична енергија не и треба трчање туку јога или споро пешачење или истегнување значи да се биде активен но не да се дисбалансира енергијата.Кафа енергијата пак која ја има карактеристиката на земја и вода е тромава крупна тој тип на човек треба да трча да вежба со повеке енергија и напор.Пита треба да плива но вежбањето кое доведува до потење е добро за пита бидејќи потта го лади телото.Кога веке ја споменав потта еден од знаците дека е дизбалансирана пита е кога човекот се поти а не направил некој посебен напор за да го предизвика тоа.

0ва се само нафрлени примери за да го појаснам принципот на Ајурведата.Сега да кажам како може да се осознае нашето пракрити.Еден наједноставен начин е да отворите нашиот сајт планет ајурведа  и да побарате доша калкулатор на кој ке решите еден тест и ние ке ви одговориме.

 

Автор:  Каролина Кичевска (Планет Ајурведа-Скопје)