Во бременоста зголеменото ниво на хормонот прогестерон предизвикува опуштање на мускулатурата, а со тоа и опуштање на кружниот мускул, кој го дели желудникот од хранопроводот. Како резултат на опуштањето на овој мускул, киселините од желудникот можат да се вратат во хранопроводот.

Ова, како и притисокот на бебето врз желудникот на бремената жена, кај многу трудници предизвикува појава на киселини и проблеми со варење на храната.

Како да ги избегнете киселините во бременоста?

Избегнувајте обилни оброци. Заменете ги трите големи оброци со повеќе помали.

Јадете ориз, тестенини, леб. Сложените јаглени хидрати ги врзуваат кислеините.

Пробајте да ги смирите киселините со ѓумбир.

Избегнувајте претерано масни оброци. Маснотиите се задржуваат подолго во стомакот и предизвикуваат поголемо лачење на киселина.

Немојте да јадете непосредно пред спиење.

Не се прејадувајте со било што.

Избегнувајте алкохол, кафе, чај и цигари.

Избегнувајте цитуси, домати и оцет.

После оброкот бидете во исправена положба барем 45 минути.

Спијте на повисока перница или подигнете го горниот дел од телото на 2-3 перници.

На некои жени има помага грицкање бадеми.

На некои жени им помага ако испијат чаша млеко. Според некои тврдења пак, млекото навистина во моментот ги намалува киселините, но потоа се ствара рефлекс на посилно лачење, така да проблемот може и да се влоши. Обидете се да го пронајдете она што ќе му одговара на Вашиот организам.

Пишува: Д-р Македонка Наумовска, специјалист по гинекологија и акушерство во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово

Е-маил: makedonka.naumovska@medicaistanbul.mk