Последиците од изложување на кожата на сонце без заштита почнуваат од изгореници, темни флеки, оштетување на протеинските структури (колаген) и предвремено стареење, до фатални: нарушувања на клеточната функција, мутација на ДНК и појава на меланоми.
Сончевата светлина емитира УВА (бранова должина од 320 – 400 nm) и УВБ зраци (280 – 320nm), а молекулите во нашата кожа се идеално прилагодени за абсорпција на енергијата од овие зраци. Со превземањето на енергијата, молекулите во нашата кожа преминуваат во ексцитирана состојба, а правило во природата е сѐ што се наоѓа во ексцитирана состојба треба да се врати во нормална (смирена состојба). Поради тоа ексцитираните молекули поминуваат низ бројни хемиски реакции, за да се ослободи абсорбираната енергија, а тоа е причина за бројните биолошки последици во кожата.
Некои последици се привлечни и посакувани, како на пример потемнување и бронзен тен на кожата, кое е резултат на создавање поголеми количини од пигментот меланин, поради абсорпција на УВА зраците. Сончевите зраци го активираат природниот антиоксидантен фактор во кожата, кој е одговорен за деактивирање на штетните слободни радикали.
УВА зраците пенетрираат во длабиснките слоеви на ката и се одговорни за уништувањето на колагенот, еластичноста на кожата, појавата на брчки и предвремено стареење. УВБ зраците се причиители на изгорениците. Нашата ДНК по абсорпција на двата типа зраци УВА и УВБ, мутира и резултатот е појава на меланом.
Поради тоа, употребата на производи со висок SPF фактор се дел од задолжителната заштита од УВ зрачењето во летните денови. Постојат два вида на УВ филтри кои се употребуваат во производите за сончање: хемиски и физички УВ филтри. Хемиските УВ филтри, како што кажува самото име, ја заштитуваат кожата преку хемиска конверзија на УВ зраците во топлина. Топлината која се ослободува е причина за несакани дејства како: сувост, иритација, непријатно затегање, појава на темни флеки, изразено црвенило, затварање на порите, појава на акни. Додека физичките УВ филтри како титан диоксид или цинк оксид, ги рефлектираат УВ зраците од површината на кожата, но се познати како средства кои ја пресушуваат кожата и ја нарушуваат хидролипидната заштитна бариера.

Употреба на производ со висок заштитен фактор е неопходен во летниот период. Но, треба да се има во предвид дека ниту еден производ со УВ филтер не овозможува 100 % заштита, на пр.: производ со SPF 50 заштитува 98 % од УВБ зраците. Се препорачуваат производи за сончање кои овозможуваат заштита од двата типа на УВ зрачење: УВА и УВБ зраците. Алката која недостасува за комплетна нега на најчувствителните делови од телото (лице, врат и деколте) е производ кој ќе овозможи дополнителна заштита на кожата, длабински, на клеточно ниво, а истовремено ќе ја заштити од последиците на хемиската реакција на УВ филтрите и пресушувањето предизвикано од физичките УВ филтри.
Посебна нега и внимание треба да се посветат на лицето, вратот и деколтето, делови од телото кои се најчувствителни и најизложени на сонцето во текот на денот.
Максимална и ефикасна заштита на кожата во текот на летото, независно дали е во текот на работниот ден или за време на одмор, а со цел да се задржување на убавиот, здрав и свеж изглед овоможува TAIVA Neuro Cellular Soothing дневниот крем кој се нанесува директно на исчистено лице, врат и деколте и нежно се масира, додека потполно се впие. По неколку минути се нанесува квалитетен производ со SPF 30 – 50. TAIVA Neuro Cellular Soothing дневниот крем ја блокира каскадната реакција на воспаление, ја намалува концентрацијата на создадените интерлеукини и тумор некрозис фактор, ги заштитува клетките од оксидативен стрес, ја намалува температурата на кожата до 78%, ја намалува вазодилатацијата (проширените крвни капилари) и ефикасно ја намалува иритацијата и црвенилото и спречува создавање на темни флеки.
По сончањето, во вечерните часови се препорачува TAIVA Neuro Cellular Soothing ноќен крем, кој е збогатен со ши путер, обезбедува хранлив третман во текот на ноќта, хидратација на кожата и спречува предвремено стареење. Кај лицата со чувствителен тип на кожа, со редовна и правилна употреба на двете креми се подигнува прагот на чувствителност, кожата станува поотпорна и не реагира или помалку реагира на факторите на иритација. Кремите се некомедогени, не ги затвараат порите на кожата имаат лесна текстура, брзо и лесно се впиваат.
Заштитете ја кожата од заштитниот фактор во кремите за сончање! За кожа без иритации и темни флеки!

Автор:Христина Литовин, докторанд при Фармацевтскиот факултет во Скопје, Катедра за козметологија