Инволутивните депресии претставуваат чести депресивни растројства кои се појавуваат со почетокот на интелектуалното опаѓање на луѓето, а тоа е периодот кога започнува климактериумот и понатаму (40-55години за жени, 50-65години за мажи). Овој период од животот е особено чувствителен, исто како што е и пубертетот, односно адолесценцијата.

Стареењето оди во корелација со опаѓањето на афектот и со развојот на депресивните растројства, особено доколку постои брз развој на атеросклероза поради дијабетес или хипертензија.

Инволутивната меланхолија, односно депресија, е постар назив за психијатриско растројство кое ги зафаќа средовечните и постарите луѓе и е придружено и со симптоми на параноја.

Симптоми:

-Губиток на интерес за активности кои дотогаш биле предмет на задоволство

-Губиток на енергија и чувство на замор

-Чувство на безвредност

-Чувство на тага

-Чувство на вина без причина

-Чувство на неодлучност или апатија

-Смален или зголемен апетит проследен со дебелеење или слабеење

-Несоница или рано будење (2-3 часа порано од вообичаеното)

-Страв и хипохондријаза (страв за здравјето)

-Смалена интелектуална и работна активност

-Заборавеност која наликува на деменција

-Суицидални мисли или тенденции

-Слика на агитирана ( вознемирана раздвиженост) аксионзност и депресија во почетокот на менопаузата или андропауза во вид на психоза.
За точната дијагноза треба да се утврди постоење или не на:

-Биполарно растројство

-Циклотимен карактер и конституција

-Перзистентно депресивно пореметување

-Нарушувања на расположението како конституција на лицето

-Предменструален дисфоричен синдром

-Депресивност предизвикана од коморбидност со алкохол, дрога, лекова или органицитет на мозокот

МЕДИКА Истанбул Тетово располага со најсовремени и модерни електрофизиолошки и неурорадиолошки апарати, со чијашто помош најбрзо и најпрофесионално се извршуваат овие испитувања.

Закажете термин на 044 344 414, или на е-маил: contact@medicaistanbul.mk

Пишува:  М-р Сци. Д-р Никола Стерјоски- Специјалист невропсихијатар од МЕДИКА Истанбул Тетово

Е-маил: nikola.sterjoski@medicaistanbul.mk