Се верува дека систематскиот  третман со лековити билки, започнал да се применува во Европа,  кога грчкиот лекар Диоскорид, кој живеел во првиот век Н. Е., ја напишал  енциклопедијата ” De material medica”  (За лековити супстанции). Оваа енциклопедија во следните 1 600 години била  главниот фармаколошки прирачник.  До 21 век, ние се сретнуваме  со растенија од  различни далечни области, овој текст е наменет за  растенија кои  ги лекуваат речиси сите наши болки.

 

1.Златен корен (Rhodiola rosea)

Билка  која природно расте во северна Азија, а за неговите медицински цели се користи коренот. Има повеќекратни придобивки, како што се зголемување на издржливоста, кондицијата, подобрување на менталната јасност и концентрацијата, имунолошкиот систем и сексуалните функции. Историјата за неговата употреба за медицински цели долга е околу  2000 години. Приказната вели дека кинеските императори  испраќале експедиции во планините за да пронајдат и наберат Rhodiola rosea за потребите на кралската палата. Во доцните 1980-ти, побарувачката за подготовка на R. rosee значително се зголемила.

2.Гоџи Бери (Lycium barbarum)

Билкарите од  Кина, Тибет и Индија го користеле ова растение илјадници години. Се верува дека Гоџи Бери го зголемува животниот век, и го подобрува здравјето. Тие се богати со антиоксиданти, го подобруваат имунитетот и циркулацијата и го штитат црниот дроб. Во традиционалната кинеска медицина бобинките се  јадат сурови, се пијат како чај или се користат како течен екстракт.

3. Валеријан билка (Rhizoma cum radicibus Valerianae)

Основните супстанции важни за биолошката активност се валепотариите кои се наоѓаат во подземните коренестите  делови на растението. Активните супстанции во растението дејствуваат смирувачки, и помагаат при несоница, немир, анксиозност. Пациентите кои го користат кореновиот екстракт од ова растение побрзо потонале во сон,ја надминале несоницата и  во текот на ноќните часови се поретко се буделе.А наутро се буделе свежи, наспани без замор.  Исто така  ги ублажува симптомите на стрес, раздразливост, нервоза, прекумерна психичка активност. Тоа им помага на луѓето кои неможат да ги отстранат секојдневните грижи. Чајот од Валеријан  се користи успешно кај сите нервни болести.

 4. Христовата круна (Исусов венец)- Passiflora

За  третманот или лекување се користи  целиот надземен дел од растението кога е во период на цветање. Тоа помага при несоница, интерактивна интелектуална работа, невростенија и други нервни нарушувања, и успешно помага во третманот на алкохолизам, бидејќи совршено го смирува телото. Освен при несоници помага и при психичко преоптоварување, загриженост, непријатност.Пазифлора ја подобрува циркулацијата, го регулира високиот крвен притисок предизвикан од психогени причини и ги ублажува симптомите на ПМС и менопаузални проблеми, бидејќи ги отстранува грчевите и ја релаксира мускулатурата.

5. Коприва (Urtica dioica)  

Расте во Европа, Африка, Азија и Северна Америка. Коприва сè уште  се  користи во Грција за масажа против ревматските болки. Копривата влијае- помага при варење во желудникот  и ја стимулира секрецијата на дигестивните сокови во телото и ги ослободува мастите од  метаболизмот.Таа содржи многу хлорофил, минерали (калциум, калиум, железо и фосфор) и витамини (C и A). Флавоноиди кои содржат позитивен ефект врз нашето тело, коренскиот екстракт се користи против губење на косата, и поради количината на железо има позитивен ефект врз формирањето на црвените крвни клетки. Плус тоа корисна е и за простатата.

   6. Кава кава (Piper methysticum)

Билката Кава кава сè повеќе го привлекува вниманието поради својот  добар анксиолитички ефект. Таа се нарекува супер-растение, бидејќи таа може да ги замени бензодијазепините. Имено, додека бензодиазепините можат да предизвикаат зависност, доведуваат до оштетување на меморијата и ја влошуваат депресијата, така Кава Кава  ја отстранува вознемиреноста, го подобрува расположението и когнитивните функции, без развој на зависност.Истражувач на островот Фиџи, Левин, во 1884 година забележал дека оваа билка му дала јасен ум и ги заострила менталните способности”. Имено, коренот на билката на пацифичките острови се користи повеќе од илјада години како пијалок кој се применува при религиозни ритуали кој ги смирува и релаксира.

7. Цимет (Cinnamomum zeylanicum)

Овој познат зачин не го корегира само вкусот на храната. Истражувањата покажаа дека циметот има слични својства како инсулин и затоа помага при  регулација и стабилизација на шеќерот во крвта. Се покажа дека мешавината од мед и цимет  корисна е за  многу болести. Според ајурведските традиции, циметот се користи за подобрување на варењето и циркулацијата и за ублажување на симптомите на настинка.

8.Коноплика (Eupatorium cannabinum)

Ова растение е особено корисно за женските проблеми. Конопликата  не содржи хормони, а нејзиното дејство се базира на намалување на секрецијата на пролактин од допаминергични неврони, со што се утврдува рамнотежата на прогестеронот и естрогенот во менструалниот циклус – го намалува естрогенот, ФСХ и пролактинот и го зголемува прогестеронот. Со други зборови, помага при пмс, менструални циклуси, а некои дури сметаат дека помага и при неплодност  кај жените.

 

9. Ѓаволска канџа (Harpagophytum procumbens)

Од јужноафриканската пустина доаѓа растението Ѓаволска канџа  (лат. Harpagophytum procumbens) чиј корен кај многу луѓе ги ублажува болките кај коските и зглобовите. Во 19-тиот век колонијалистите ја доведоа во Европаоваа билка, каде што стана популарен агент за артритис. Со истражувањето на нејзините активни состојки, се откри дека содржи супстанца наречена харпагозид која ги намалува воспалителните процеси во зглобовите на начин кој поттикнува отстранување на токсини акумулирани околу зглобовите.За разлика од антиреуматиците, кои често се користат за лекување на артритис и остеоартритис, со цел да ја намалат болката, но кои исто така би можеле да ја оштетат ‘рскавицата и да предизвикаат иритација на цревата и крварење, ѓаволската канџа  ја штити’ рскавицата, ги подмачкува зглобовите и ја намалува болката и ја зголемува мобилноста на зглобовите без несакани ефекти. Редовната употреба на оваа билка ке ја намали потребата за користење на лекови за болка.

 

Забелешка: Како и кај сите препарати што се користат за медицински цели, така и кај лековитите  билки треба внимателно користење, со стручни совети и, се разбира, во разумен степен. Покрај тоа, имајте на ум дека за сега сеуште  не постојат лекови за некои болести.