Колпоскопијата претставува едноставно испитување, исто како и пап-тестот.

Гинекологот од болницата МЕДИКА Истанбул, детално го испитува грлото на матката со помош на колпоскоп и специјални раствори. Колпоскопијата може слободно да се изведе и во текот на бременоста, не причинувајќи никаков ризик.

Важноста на колпоскопијата се состои во тоа што се овозможува откривање на одредени промени и детекција на абнормалните клетки на грлото на матката коишто можат да доведат до рак на грло на матка. Во одредени случаи, со помош на колопоскопија може да се открие рак на грло на матка.

Покрај откривањето на овие пре-канцерогени промени, или кога со PAP тест имаме сомнителни наоди, со помош на колпоскопија се овозможува нивно дијагностицирање и лекување.
Колпоскопијата е дијагностички преглед којашто се спроведува амбулантски. Трае околу 10-20 минути и е сосема безболен.

                                                                                                                                           Пишува: Д-р Македонска Наумовска, Специјалист по гинекологија и акушерство во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово

Е-маил: makedonka.naumovska@medicaistanbul.mk

Закажете термин на 044 344 414, или на е-маил: contact@medicaistanbul.mk