Многумина од нас ја имаат стекнато сликата за дисциплина преку родителите, општеството и усовршувајки ги претпоставките во текот на низа години. Често мислиме дека децата треба да страдаат (барем малку) или ништо нема од тоа да научат. Но многу работи се изменија во текот на изминатите неколку децении. Нашето општество и нашата култура брзо се менуваа, нашето сфаќање за тоа како се развиваат децата се измени, а како последица на тоа мора да се измени и начинот на кој ги учиме децата да станат способни, самоуверени луѓе. Кога луѓето зборуваат за „дисциплина“ често мислат на „казнување“зошто обично мислат дека тие две работи се нешто исто. Вистинската дисциплина подразбира учење; всушност,зборот потекнува од латинскиот збор  disciplina, во превод-  „ученик“. Позитивната дисциплина го потикнува учењето, разбирањето, охрабрувањето и комуникацијата –а не казнувањето. Гледано краткорочно, казната има ефект.  Но треба да знаеме дека со текот на времето  таа ќе доведе до бунт, отпор а детето ќе помисли дека е безвредно. Како родители треба да знаете дека постои и подобар начин.

Дисциплински методи што треба да се одбегнуваат!!!

Како родител не треба да врескате, викате и проповедате-Доколку тоа го правите треба веднаш да престанете! Ако се обидувате со закани, предупредувања и проповедање да го натерате детето да ве слуша исто би требало да престанете со тоа. Ниеден од овие методи не покажува почит и сите влијаат врз развојот на сомневање, срам и чувство на вина – сега и во иднината. Казнувањето на крајот доведува до уште полошо однесување. Можеби во овој момент би искоментирале “Моите родители успешно ги користеа овие методи“.   Не сакаме да ви го одземеме орудието со кое го учите вашето дете. Секако дека не треба да го оставите детето да прави што сака. Не треба да бидете попустливи при воспитувањето – тоа води кон непочитување и кон непрактични избори. Вистинската дисциплина насочува, учи и нуди здрави избори. Децата не слушаат кога се исплашени ,повредени или лути. Кога ќе почувствуваат закана , децата заземаат одбрамбен став. Одбрамбениот став може да се  пројави како послушност, како бунит или како ови е две работи, затоа што детето мора да си го врати многу значајното чувство на припадност и важност. – И ќе направи речиси се за да го почувствува пак.Тоа што ние мораме да го знаеме е дека нашите деца ги учат вистинските работи да знаат дека припаѓаат некаде и дека се важни, да можат да ни веруваат, учат од нас  и ни покажуваат дека  знаат како се чувствуваат. Казнувањето го забавува процесот на учењето. Грижливата и решителната дисциплина ја одржува рамнотежата меѓу сигурноста, границите, љуботва и почитта што им се толку многу потребни на децата во раните години. Пред стекнувањето на моќта за расудување , децата неможат да ја разберат логиката и заднината на казнувањето. Како би можело дете да ја разбере казната? Казната може да прекине одредено однесување за извесно време , но поинаква порака би примиле децата на подолги патеки.  Може да помислат: Јас сум лош/а,  Ќе им вратам и ќе ги повредам, Ќе ги удирам другите во градинка и кога ќе пораснам. Не заборавајте дека децата се добри кога се чувствуваат добро. Обидете се да му помеогнете на детето да си ги сфати своите чувства да се смири и да почне да се однесува добро.

 

Автори: Д-р.Џејн Нелсен, М-р.Черчил Ирвин  (книга „Позитивна дисциплина“).