МОЗОЧЕН УДАР
Една од најчестите причини за смртонст во светот претставува мозочниот удар. Настанува со прскање или блокирање на некој крвен сад во мозокот, ако не се даде соодветен третман тие изумираат. Што претставува мозочниот удар и за видовите, за симптомите, дијагностиката и за третманот, www.metabolizam.mk ја контактираше Д-р. Емилија Горгиева познат невролог од Клиниката Жан Митрев. Прочитајте го разговорот со неа во кој детално зборуваме на тема: МОЗОЧЕН УДАР?
1.ШТО ПРЕТСТАВУВА МОЗОЧНИОТ УДАР И КАКВИ ВИДОВИ ИМА ?
– Мозочниот уште во народот е познат како шлог или стручно апоплексија, цереброваскуларен инсулт, иктус ). Мозочен удар e еден вид мозочна повреда (т.е акутно пореметување на мозочната циркулација) . До мозочен удар доаѓа кога има ненадеен прекин во снабдувањето со крв на мозокот. Дотокот на кислород и хранливи материи во мозокот е прекинат и мозочните клетки се оштетуваат или се уништуваат. Кога мозочните клетки се уништени се губат телесните функции што овие клетки обично ги контролираат. Мозочниот удар варира со степенот на сериозност од минлив исхемичен напад при што симптомите се подобруваат во рок од неколку часа, до сериозен мозочен напад што може да предизвика трајна онеспособеност или дури и смрт.
Постојат два типа на мозочен удар:
- Исхемичен мозочен удар (инфаркт), е резултат на блокирано место во некој од крвните садови на мозокот и е најчест тип на мозочен удар. Ваквиот удар може да биде: – Тромбичен или – Емболичен
До тромбичен удар доаѓа кога се формира грутка на згрушена крв во крвниот сад која што се зголемила толку многу што сосема го блокира крвниот сад.
До емболичен удар доаѓа кога грутка на згрушена крв се формира на друго место во телото и патува до мозокот.
2. Хеморагичен мозочен удар- се случува кога ќе дојде до пукање на некој крвен сад и течење на крвта во околното мозочно ткиво. Како резултат на тоа доаѓа до повреда на клетките во и околу местото каде што се случил мозочниот удар. Може да биде интрацеребрално или субарахноидално крварење.
Транзиторна исхемична атака ( ТИА ) е честопати знак на предупредување дека можеби наскоро ќе дојде до мозочен удар. Тоа е нагло настанат невролошки дефицит како (губиток на видот, хемипареза, пореметување на говорот (дисфазија)), кои симптоми се реверзибилни за 60 мин до 24 часа. Неуроимажинг испитувањата не откриваат знаци на церебрален инфаркт. Настанува обично при артериосклероза на големите крвни садови на вратот, емболуси од срцето или пореметување на ритамот на срцето како на пр. Атријална фибрилација(АФФ) како и при перзистентен форамен овале (ПФО). Откривањето на ПФО е од особен интерес особено при млади со мозочни удари. Кое се испитува во ПЗУ Жан Митрев на многу едноставен начин и кај лица каде има сигнификантен наод на ПФО се затвара со дивајси со што се решава една од причините за настанување на мозочни удари кај овие пациенти, која интервенција е многу едноставна и краткотрајна.
По првата ТИА околу 10% од пациентите ќе настрадаат од ЦВИ во текот на една недела, а 10-20 % во текот на 3 месеци. Превземената секундарна превенција го намалува ризикот.
РИНД ( Реверзибилен исхемичен невролошки дефицит ) кој трае повеќе од 24 часа. До 2-3 дена.
ПРИНД ( Пролонгиран реверзибилен исхемичен невролошки дефицит ) кој трае околу 7 дена.
- КОИ СЕ ЗНАЦИТЕ ЗА МОЗОЧЕН УДАР ?
-Знаците за предупредување за мозочен удар и за ТИА се некој од следниве:
– Слабост на раката или ногата вообичаено еднострано
– Слабост на мимичната мускулатура
– Конфузност, отежнат говор или разбирање на туѓ говор
– Тешкотии со голтање
– Проблеми со видот на едното или на двете очи ( заматен вид, дупло гледање или губиток на видот )
– Отежнато одење или вртоглавици, губиток на рамнотежата или координираност на движењата.
– Главоболка
– Здрвеност или губење на чувството по една страна на телото.
Face
Arm
Speech
Time
Мозочниот удар претставува итен медицински случај. Какви и да се знаците на мозочниот удар не треба да се занемарат и треба да се побара итна медицинска помош. Ако се почне со лечењето веднаш после појавата на симптомите, тоа може да ги подобри шансите за преживување и да ја намали тежината на ударот.
д-р ЕМИЛИЈА ГОРГИЈЕВА, невролог , ПЗУ Жан Митрев
- КОЛКУ Е ЧЕСТА ПОЈАВАТА НА МОЗОЧНИ УДАРИ ?
– Мозочните удари се рангираат како втори или трети најчести причини за смрт после кардиоваскуларните заболувања. Според СЗО од мозочен удар заболуваат 15 милиони луѓе годишно. Секоја година повеќе од 700 000 Американци доживуваат мозочен удар од кои по 170 000 завршуваат со смрт. Мозочните удари како најважен фактор за смртност и инвалидитет наметнуваат огромен економски товар. Оттука произлегува интересот за превенција на овие болни.
- КАКО МОЖЕМЕ ДА ГИ ПРЕВЕНИРАМЕ?
Превенцијата е примарна и секундарна. Примарната превенција има за цел да го намали ризикот од мозочен удар кај оние луѓе кои немале симптоми на мозочен удар
Секундарната превенција е да се превенира повторна појава , односно рецидив на мозочен удар, кој предходно се јавил кај лицето
ПРИМАРНА ПРЕВЕНЦИЈА- Toa e превенција за отстранување на факторите за ризик, регулирање на КП, пушење, гојазност, мастите, диабетесот и др кои треба да се превенираат . Специфична медикаментозна терапија е антитромботична (антиагрегациска ) како статините, или давање на орални антикоагуланси како препарати витамин К антагонисти ( варфарин) при ИНР 2-3
Препораките за примарна превенција се следните :
1.Meрење на крвниот притисок е основен дел од регуларната здравствена грижа при посета на доктор. КП треба да биде намален под 140/90 или под 130/80 ммХг за дијабетичари по пат на модификација на начинот на живеење. Повеќето хипертензивни пациенти имаат потреба од примање на медикаменти за да се постигне нормалното ниво на притисок ( ниво 1).
Покачен крвен притисок 30-50% е ризик за мозочен удар. Докажано е недвојбено да смалувањето на крвниот притисок го превенира настанувањето на мозочниот удар според некои епидемиолошки студии за 40%.
- Иако строгата контрола на нивото на шеќерот во крвта кај дијабетичари не е докажана дека е поврзана со намален ризик од мозочен удар, пациентите треба да бидат охрабрени поради користа во име и на другите компликации од дијабетесот
- Терапијата за намалување на холестеролот ( синвастатин ) е препорачлива кај високоризичните пациенти
- Пушењето цигари треба да биде прекинато
- Големата употреба на алкохол треба да биде прекината, кое дејствува како заштита од мозочен удар
- Препорачлива е регуларна физичка активност
- Диета со намалено количество на сол, ниско ниво на заситени масни киселини, многу овошје , зеленчук и диета богата со целулозни влакна
- Пациентите со зголемен индекс на телесна маса ( БМИ ) треба да се на диета и редуцирање на телесната тежина
- Хормонска терапија ( естроген/прогестерон) не треба да биде употребувана во примарна превенција на мозочен удар
СЕКУНДАРНА ПРЕВЕНЦИЈА- превенција да нема повторување на МУ( рецидив)
А. Модификации на ризичните фактори
Б. Антиагрегацициона терапија ( Аспирин 325 мг, Клопидогрел или со комбинација со аспирин и Клопидогрел при болни склони за кардиоемболии, со вештачки залистоци со ИНР 2,5-3,5).
Не се препорачува антикоагулантна терапија ако МУ не е од кардијално потекло ,со исклучок при атером на аорта, дисекција на вратните артерии
Антитромботичните лекови, статините, АЦЕ инхибиторите и ангиотензин 2 блокаторите се покажаа ефикасни во превенција од мозочен удар и ТИА. Околу 80 % од МУ може да бидат превенирани.
Најефикасна мерка за секундарна превенција е намалувањето на крвниот притисок
Особено е значајна промената на животните навики откажување од пушење, диета без масти, третман на зголемена телесна тежина.
- KAKВА E ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЗГРИЖУВАЊЕ НА МОЗОЧЕН УДАР ?
- Брзо препознавање на симптомите за мозочен удар
- Непосредна употреба на ургентен медицински сервисен систем
- Приоритетен транспорт до болницата која е предходно известена за приемот
- Мозочниот удар претставува медицински ургентна состојба која бара итна дијагноза, хоспитализација и третман.
Матичните лекари исто така треба да бидат обучени во препознавањето на симптомите и знаците на мозочен удар, како и од потребата од непосреден транспорт до адекватно опремен оддел. Грижата за пациенти со мозочен удар треба да биде во оддели за мозочен удар, со интензивна нега, каде се обезбедува мултидисциплинарен пристап во третманот на овие болни од невролози, медицински сестри физиотерапевти, логопеди, психолози, социјален работник.
- KAKO СЕ ПОСТАВУВА РАБОТНА ДИЈАГНОЗА НА МОЗОЧНИОТ УДАР?
Работна дијагноза на мозочен удар се поставува ако имаме
а) настанување на болеста акутно за неколку минути или саати
б) постоење на фокални невролошки дифицити
ц) можност за групирање на симптомите во одредени синдроми ( дали е од ниво на мозочните хемисфери, мозочно стебло и сл)
д) постоење на фактори за ризик
Анамнеза ( ауто или хетеро ) важно е да се одреди моментот кога болеста почнала.
Невролошки преглед- одредување на нивото на свеста и невролошките дефицити , односно одредување дали постои пореметување на говорот, одземеност на едната половина од телото .
Соматски преглед– на кардиоваскуларниот систем, Во прилог на хеморагија иде кома на почеток на болеста, повраќање, тешки главоболки, закочен врат, земање на антикоагулантна терапија, притисок 220, гликемија преку 17.
- КАКВИ ДИЈАГНОСТИЧКИ ПРОЦЕДУРИ СЕ КОРИСТАТ ПРИ МОЗОЧНИ УДАРИ?
Најчести дијагностички процедури кои се користат при акутен мозочен удар се: Компјутерска томографија на мозок, магнетна резонанца, Конвенционална церебрална ангиографија
- Компјутерска томографија е прв избор и таа претставува неинвазивна метода за евалуација на мозочното ткиво и диференциација дали постои крварење или тромбоза, односно исхемија на мозочното ткиво.
Во продолжение може да се направи компјутерска ангиографија со каротидографија. Во Жан Митрев клиниката располагаме со 256 Мултислајдна компјутеризирана томографија и во овие случаи се добиваат валидни податоци за состојбата на крвните садови како што се каротидните артерии и церебралните крвни садови, одредување на стеноза или кинкинг доколу тоа постои или одредување и локализација на евентуален тромб ( емболус ) интрацеребрално.
Најважните податоци во првите неколку часа можат да се добијат и со посебен метод на КТ кој ја одредува перфузијата во првите неколку часа на самата исхемија. Тоа е важно за одредување на т.н “ penumbra “ т.е сеуште варијабилноте мозочно ткиво кое може да се врати во функција после евентуална реперфузија и подобрување на симптомите
- Магнетна резонанца е исто така неинвазивна метода на испитување која дава подетални информации за мозочниот паренхим во првите 12-24 часа, временски период во кој мозочната исхемија на КТМ не се демаркира и може да не биде откриена ако се направи порано ова снимање.
Се користи и МР дифузија и МР ангиографија.
- Конвенционалната церебрална ангиографија е инвазивно испитување за одредување на протокот во real time низ крвните садови на главата и вратот. Се изведува со катетер внесен во крвниот сад преку артериски крвен сад на ногата и се стигнува целно до саканиот крвен сад интракранијално, се дава контраст и се анализира протокот. Класичната ангиографија дава можност да се интервенире во раните неколку часа од исхемичниот удар со директно евакуирање или лизирање на тромбот, кој што го оклудира крвниот сад.

- KОИ СЕ ОПШТИ МЕРКИ ВО ТРЕТМАНОТ НА БОЛНИ СО МОЗОЧЕН УДАР ?
1.Пратење на невролошкиот статус со примена на Глазгов кома скалата и НИХ СТРОУК скала.
- Мониторирање на кардијалниот статус се препорачува во првите 48 часа, нарочно кај аритмија, хипертензија и попуштање на срцето.
- Рутинско снижување на крвниот притисок не се препорачува освен кај екстремно висок крвен притисок
- Антихипертензивна терапија се препорачува кај мозочен удар при попуштање на срцето, аортна дисекција, акутен инфаркт на срцето, бубрежна инсуфициенција, тромболиза.
- Редукција на КП не треба да биде нагла.
- Избегнување на медикаментозниот третман на хипотензијата со течности
- Мониторирање на гликемијата во случај на хипергликемија преко 10 ммол се дава кристален инзулин, а кај хипогликемија инфузија 10-20% гликоза.
- Се третира зголемена телесна температура со антипиретици, а кај бактериска инфекција се даваат антибиотици
- Се препорачува мониторирање на електролитниот статус, корекција на дизбалансот и адекветна надокнада на течности 2 литра на ден, ако нема контраиндикации.
- КОЕ Е СПЕЦИФИЧНО ЛЕЧЕЊЕ НА ИСХЕМИЧЕН МОЗОЧЕН УДАР ?
Тука спаѓа 1. Tромбилитичната терапија и 2. Рана антикоагулантна и антиагрегациона Тх
- Тромболитична терапија- е разградување на тромбот со интравенска апликација на рекомбинантен ткивен плазминоген активатор (rTPA ) n. Aktilize. Меѓутоа тука има строги правила на тоа кои случаи ќе бидат третирани на овој начин.
Инклузиони критериуми ( кај кои може да се даде)
– Клинички дефинитивен акутен мозочен инфаркт
– Јасно време на почеток
– почеток пред 3 часа, по некои водичи 4-5 ч
– да се исклучи хеморагија со КТ
– возраст 18- 80 г.
– NIHSS да е помала од 25
– Дозвола за третман
Ексклузиони критериуми ( случаи кај кои неможе да се даде )
– Брзо опоравување или минорни симптоми на МИГ
– Голем хиподензитет на КТ скен
– МУ или сериозни повреди на главата од пред 3 месеци
-Големи хирушки интервенции, пороѓај, надворешна масажа на срцето за оживување во последните 14 дена
– Епилептичен напад на почетакот на МУ
– Поранешен инфаркт, со дијабет
-тешка хеморагија во последните 21 ден
– зголемен ризик за крварење
– Анамнеза за оштетување на ЦНС ( неоплазми, хеморагични аневризми, хеморагична ретинопатија
– Симптоми кои сугерираат за САХ ( дури и кога КТ е нормален )
– Крвен притисок над 185 ммХг систолен или дијастолен 110 ммХг
– пореметување на коагулацијата
– хипогликемија под 3 ммол/л или хипергликемија над 22ммол/л
– бактериски ендокардит
– акутен панкретит, А-В малформации
– тешки заболувања на јетра( цироза, хепатални неоплазми.
Покрај и.в има и и.а ( интра артеријална ) тромболиза, кај оклузија на АЦМ, Арт вертебралис.
Индикации
– се дава кај болни каде нема контраиндикации за и.в тромболиза, и
– кај болни каде изостанува ефектот на и.в тромболиза
– некогаш се прави комбинација на и.в и и. а тромболиза
– со и.в rTPA се постигнува реканализација до 70%, а со и.а рТПа се постигнува реканализација околу 45%
– разликата е и.а rTPA се прави кај големите крвни садови, АЦИ, АБ, Церебри медија.
– нема значајни разлики во исходот.
– Според некои водичи се дава кај оклузија( комплетно зачепување) на големите крвни садови првите 12 часа
– се дава кај болни кои имаат контраиндикација за и.в rTPA или како продолжеток од започнатата терапија со и.в rTPA.
- Рана антикоагуланта и антиагрегациона терапија
Аспирин 100-300 мг / дн во тек на 48 часа се дава од почетакот на МУ
- ДАЛИ ПОСТОИ ОПЕРАТИВНО ЛЕЧЕЊЕ ?
Во Жан Митрев клиниката во превентивниот третман најпрвин се прави дијагностицирање на ризичните фактори со помош на 256 МСКТ церебрална ангиографија со каротидографија и во случаи со сигнифакантни стенози или кинкинг на каротидните артерии се прави :
- Каротидна ендаректомиа – се прави при симптоматски стенози на каротидните артерии со стеснување 70-99% со скорашен МУ и без тешки невролошки дефицити .
- Не се препорачува при стенози помали од 50%. Пациентите треба да земаат антикоагулантна терапија пред, завреме и после оперативниот зафат.
- Ангиопластика и стентирање
Каротидна перкутана транслуминална ангиоплатика (РТА) e индицирана кај пациенти кај кои каротидната ендаректомија e контраиндицирана или кај стенози на хирушки непристапни места .
Kaротидна PTA и стентирање може да биде индицирана кај пациенти so restenoza posle inicijalna каротидна ендаректомија
Пациентите треба да земаат Клопидогрел и Аспирин непосредно за време и најмалку 1 месец после направено стентирање.

- ШТО ИМ ПРЕПОРАЧУВАТЕ НА БОЛНИТЕ СО МОЗОЧЕН УДАР?
- Пациентите со мозочен удар треба да се третираат во оддели за мозочен удар, кои се опремени со компјутерска дијагностика, мултидисциплинарен тим од невролози, интернисти, рехабилитациски експерти. Овие услови се присутни и во нашата болница.
- Потребно е брз и организиран транспорт во специјализирани оддели за МУ. Пациентите со мозочно крварење или крварење во мозочните обвивки се упатуваат ургентно во центар со услови за неурохируршки третман и неврорадиолошки интервенции и невроинтензивна нега.
- Придржување на советите за здрав стил на живеење ( совети за исхрана, остварување на задоволителна телесна тежина, редовни вежби, откажување од пушење и намалување на алкохолот и солта, да се избегнува изложување на јако сонце во период од 12-18ч )
- Контрола на КП, нивото на шеќер во крвта.
За да се спречи да дојде до нов мозочен удар, многу е важно да продолжите со овие мерки до крајот на животот. Никогаш не прекинувајте со примањето на лекови без најпрво да разговарате со докторот.



