Дебелината е хронична болест која се манифестира со претерано таложење на телесните масти и зголемување на телесната тежина.  За дебелината може да се каже, дека е и прекумерно складирање на масти во телото, кои сериозно можат да го загрозат општото здравје како и функционирањето на одредени органи во организмот  Дебелината -пандемија која бара конкретни и итни мерки. Дебелината ја зголемува веројатноста од различни болести, особено срцеви заболувања, тип 2 дијабетес, опструктивна апнеја, одредени видови на рак, остеоартритис и асма.

Број на население во светот со прекумерна тежина  денес изнесува- 2,1 милјарди луѓе во светот или 30%,  планетата земја би ја чинело  2 милјарди долари годишно  а  до 2030 се смета дека би можел да достигне до 50% од населението, како резултат на  светскиот систем на прехрана кој се базира на индустриско производство и нездрава храна.

Што ја предизвикува дебелината во светот??

  • Основната причина за дебелината нерамнотежата помеѓу консумираните и потрошените калории
  • промените и начинот на исхрана и физичката активност се најчестиот резултат на промените во животната и социјалната средина За дебелината се смета дека  се развива како последица на повеќе фактори, а некои од нив се следниве:
  • наследни фактори
  • факторите животна средина
  • психогени
  • физиолошки фактори
  • патофизиолошки

Во 1980 година двојно е зголеменo здебелувањето, а во 2008 година повеќе од 1,4 милјарди возрасни на 20 год и постари, 2008-та 200 милиони мажи и 300 милиони жени биле дебели, 2011 та  повеќе од 40 милиони деца помали од 5 години биле со прекумерна тежина

Како да се редуцира дебелината?

  • Поддршката од средината и заедницата
  • здрава храна
  • редовна физичка активност
  • голем број на диети
  • различни лекови и препарати

 

Во Македонија  20% од населението има вишок килограми

Ученици од 5 то одделение со зголемена телесна тежина   43,7%

Дебели ученици во петто одделение има    18,8%

Деца на возраст од  6 до 8 год (зголемена телесна тежина)  38%

Деца во градинките (зголемена телесна тежина)  11,6%

Машки деца (зголемена телесна тежина)  34%

Женски деца (дебели) 12,1%

Мажи на возрст од 20 години (зголемена телесна тежина)   60,5 %

Жени на возрст од 20 години (прекумерна тежина)  47,8%

 

Во Сад (   Над 40% од населението е дебело     )

Бангалдеш и Етиопија   1% од населението е дебело

Во  Европа   секоја година умираат 320.00 луѓе, САД   300.000 годишно умираат

Светски рамки    2,5 милиони

Контрола на исхраната во однос на превенција од дебелина

  • Калориската рамнотежа
  • Има варирање од 1600 до 2400 калории дневно за возрасни жени и од 2000 до 3000 калории за возрасни мажи
  • Кај малите деца калориите се движат од 1000 до 2000, дневно, а кај поголемите деца од 1400 до 3200калори
  • Намалувањето на 500 калории дневно е вообичаен старт при намалување на тежината кај возрасните

Во однос на превенцијата од дебелината треба да се:

  • зголеми внесот на целозрнести жита, зеленчук и овошје
  • намалување на внесот на засладени безалкохолни пијалоци
  • следење на калорискиот внес на алкохолни пијалoци
  • Во однос на превенција од дебелината луѓето треба да имаат соодветен начин на исхрана кој ќе придонесе за подобро здравје
  • треба да се намали внесот на: натриум, масти, заситени масни киселини, транс масни киселини, холестерол, цврсти масти, додадени шеќери, рафинирани жита, алкохол
  • овошјето и зеленчукот се главни извори на голем број на хранливи состојки и може да го намалат ризикот од многу хронични болести
  • медитеранската диета
  • оваа диета содржи изобилство на овошје и зеленчук , како и ореви, лешници, бадеми и маслиново масло, а направените истражуавња покажале дека овие производи помагаат и во одржуавњето на здравата телесна тежина, отколку само намалување на калориите.
  • диетата „Dash“ ја добивала титулата за најдобра диета во светот

превенција

  • за да не дојде до дебелина, треба да се практикува здрав начин на исхрана,
  • да се контролираат калориите кои се внесуваат и
  • повеќе физичка активност,
  • диети,
  • има и многу контраверзии во врска со диетите, бидејќи голем број на луѓе си ги препишуваат самите на себе, без некој нутриционист да им ја одреди соодветната диета, па така доаѓа до многу несакани ефекти.
  • но како и да е секогаш треба да се внимава што внесуваме во исхраната,
  • балансираната рамнотежа во храната ќе придонесе да се чувствуваме одлично да немаме вишок килограми и да бидеме здрави.

 

Автор:Емилија Спасовска Мојсовска (нутриционист)  078/388-889