Во 2007 година на генералното собрание на ОН е одлучено 2 Април да биде прогласен како ден кога ќе се обележува на светско ниво Аутизмот. Оттогаш секоја година овој ден е наменет за овие лица.  Метаболизам  денеска ќе ве потсети дека аутистичните деца и лица дека имаат емоции, и треба да бидат прифатени во општеството. За почеток ќе ви дадеме некоилку детали што всушност претставува аутизмот?

Аутизам — Би значело нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено  однесување кое може да биде повторливо.  Сите овие знаци можат да се манифестираат пред три годишна возраст. Аутизмот делува на процесирањето информации кои стасуваат до мозокот, со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат. Зошто и како доаѓа до оваа појава сѐ уште не е познато. Останатите  две нарушувања од спектарот на аутизмот (НСА) се синдромот Аспаргер, којшто не се одликува со заостанатост во когнитивниот развој и во јазикот, и ПНР-Н (первазивното нарушување во развојот – неодредено), кој се дијагностицира во случаи кога не се комплетно исполнето критериумите за другите два синдроми.

Се верува дека аутизмот има цврста генетска основа, така генетскиот состав на аутизмот е сложен и не е јасно дали НСА се објаснува повеќе со ретки мутации, кои имаат огромни ефекти, или пак би можело  со мултигенски интеракции на нормалните гени. Во најретки случаи аутизмот е поврзан со фактори кои предизвикуваат вродени малформации. Во светот постојат  многу контроверзни теории за некои причинители, кои што можат да произлезат од опкружувањето, како што се тешките метали, пестицидите или вакцините, кои се примаат во раното детство.  Тука е секако стравот на родителите од вакцинирањето иако хипотезите за вакцините се биолошки невозможни и не се потврдени со детални целосни научни докази. Аутизмот се појавува кај 1-2 од 1000 луѓе.  Распространетоста на НСА е 6 луѓе од 1000, се јавува 4 пати повеќе кај машката популација отколку кај женската. Дијагностицираните луѓе чиј број почнал драстично  да се зголемува  е од осумдесетите години па наваму, можеби и поради промените кои се случија во дијагностичките постапки. Иако причините за зсе повеќе зголемениот број на случаи со аутизам се непознати.

Родителите вообичаено  ги забележуваат симптомите во првите две години. Симптомите генерално  се развиваат постепено, но има исклучоци кај некои деца со аутизам, кои отпрво се развиваат нормално, а потоа нивниот развој знае да заостане да назадува.  (Оваа појава во последните години е најчеста) Не е голема бројката на деца со аутизам кои се се осамостојуваат и живеат независно од родителите или блиските по стекнувањето полнолетство, иако постојат и примери за тоа како некои аутисти  стануваат успешни. Бидејки станува честа појава веќе е развиена  и култура на аутистите, во која  некои бараат лек, додека пак други веруваат  дека аутизмот не треба да се третира како нарушување, туку да сеприфати и  толерира како разлика.

Статистиката вели дека  една третина од лицата со аутизам не развиваат доволно говорни способности за да ги задоволат потребите кои се неопходни за дневна комуникација. Уште во првата година од животот на детето родителите можат да  забележат необичности во комуникацијата, како на пример, задоцнет почеток на обидите за зборување/мумлање, необични гестикулации, необрнување на внимание на надворешните дразби и неогдоварање на истите, како и начини на обид за комуникација со гласови, кои што не биле научени од негувателот. Понатаму, во втората и третата година од животот, аутистичните деца немаат толку чести мумлања, неконтролирани испуштања на гласови, зборови или комбинирање на истите, и нивните гестикулации се ретко проследени со зборови.   Невербалната комуникацијакако  и гестикулациите се неопходни за успешно реализирање на разговор со аутистите, и недостатоците во способноста за правилна невербална комуникација и гестикулирање се тие, по кои што може да се препознае бебе со НСА.