Светски ден за лицата со Дунов Синдром
Денеска е 21 Март –Светски ден за лицата со Даунов синдром. Дауновиот синдром преставува една од најстарите болести која е запишана во историјата на човештвото. Првпат ја опишал познатиот англискиот доктор Џон Даун, и поради него во 1866 година се вика синдром Даун. Опишана е како болест, но не се знаело од што потекнува. Далечната 1959 година, француски доктор докажува дека се работи за хромозомска болест – нарушување на нивото на хромозомите. Во 2000 година мапиран е генетскиот код на хромозомот 21 и откриени се 29 гени на тој хромозом кои се причина за самата болест.
Статистиката вели дека на 700 или илјада породувања, се раѓа по едно бебе со Даунов синдром во сите земји во светот. Наследноста на оваа болест во некои земји е само еден процент. Се верува дека постои поврзаност на возраста на родителите со Дауновиот синдром . Имено на 30-годишна возраст се раѓа едно бебе на илјада со Даун, на 35 години од 350 бебиња едно е со синдромот Даун, а на 40 и над оваа возраст, едно бебе на 80 родени. Мајката која е над 35 години, а таткото над 41 спаѓаат во ризичната група. Но ова е само статистика. Иако докторите велат дека во реалноста бебе со Даун може да се роди кога било.

МИА денеска ја објави пораката од центарот за аутизам кои наведуваат дека лицата со Даунов синдром може да бидат работоспособни, да имаат вработување, сами да се издржуваат, да живеат самостојно.
„Овие лица живеат во нашиот свет, да го смениме нивниот живот од раѓањето, па натаму, за да бидеме во ситуација која ќе бидат возрасни единки да бидат веќе изградени личности кои конструктивно и целосно ќе може да придонесат во општеството. Многу важно е да се потрудиме системски заеднички да понудиме поквалитетен живот на овие лица“, истакна претседателот на Центарот за Даунов синдром Ида Мантон.
Претставникот на УНИЦЕФ, Бертран Демулен во својата порака по повод Светскиот ден на Даунов синдром наведува дека лицата со пречки во развојот треба да бидат прифатени како рамноправни учесници во општеството кои се способни да ги бараат своите права, способни да живеат осмислен живот и да придонесат кон градење инклузивно и одржливо општество.
Дауновиот синдром е хромозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа болест наместо два има три хромозоми. Од Центарот за Даунов синдром се вклучуваат во светската мапа на голема кампања по повод Светскиот ден на дауновиот синдром, која во сите земји е различна, но годинава заеднички чинител е носењето шарени чорапи.
Во Кинотеката на Македонија денеска во 17 часот ќе биде отворена фотографска изложба и три документарни филмови на американски асоцијации, здруженија на даунов синдром.
Годинава по трети се организира хуманитарната трка за децата со Даунов синдром која ќе се одржи во недела, 25ти март 2018, со почеток во 11.00 часот во Градски парк во Скопје.
Трката е организирана од Мечувалечки клуб Ескрим под мотото „И ние го можеме истото како и сите!“. Со овој настан организаторот сака да ја подигне свеста за Даунов синдром поттикнувајќи ги останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата да се вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за сите деца. За нив спортувањето е од големо значење затоа што преку спортот ја развиваат моториката, координацијата, одржување на баланс и тонусот на мускулите. Сите овие работи се многу важни за нивниот понатамошен самостоен живот. Со спортувањето добиваат можност за социјализација и децата стекнуваат нови пријателства и се развиваат. Инклузијата дава исклучителни резултати во нивниот живот.
Трката ќе започне од Школка во Градски парк и секој кој е заинтересиран да го охрабри и поттикне успехот на децата со Даунов синдром може да се пријави на трката на https://www.smartrace.club/ или да ја посети и поддржи истата со своето присуство. Собраните средства од самите пријави ќе се искористат за набавка на аудио опрема за Дневниот центар за лица со Даунов Синдром. Организаторите ги повикуваат сите на оваа трка и ветуваат многу љубов и забава



