Дегенеративни промени на зглобовите
Дегенеративни промени на периферните зглобови артхрозис, остеоартритис по новата терминологија, а на р,бетниот столб спондилозис и дискартхрозис.
Артрозните промени на зглобовите познати се од порано. Најдени се костури од прачовекот со дегенеративни промени по зглобовите. Во египетските мумии исто се пронајдени дегенеративни промени на зглобовите. Хипократ утврдел дека дегенеративните промени на зглобовите се јавуваат све повеке во покасните години од животот. Римјаните болките ги лечеле со примена на бањи, масажи и вежби.
Дегенеративните промени денес се повеке се застапени и поради продолжениот животен век.
Етиологијата на артрозните промени денес е позната.
Се дели на примарна и секундарна артроза.
Примарната се карактеризира со трошење и дегенерација на зглобната р,скавица и настанува како резултат на троШење на р,скавицата со текот на животот.
Секундарната се карактеризира со промени во зглобот и околното ткиво и настанува како резултат на многу други фактори и оболувања, генетика, неадекватно оптеретување, пореметени биомеханички односи, остеопороза, траума, хормонални промени, автоимуни оболувања, експанзивни процеси, деформитети од најмлада детска возраст, исхрана, физичка неактивност, пороци и друго.
Примарни патоанатомски промени настануваат на зглобните р,скавици, потоа на зглобната чаура, тетивите , лигаментите, мускулното , везивното ткиво и коскеното ткиво. Зглобните р,скавици немаат крвни садови,лимфни садови и нервни клетки. Таа се храни со процеси на дифузија од синивиалната течност, субхондралната коска и слабите крвни садови на припојот на р,скавицата со коската.
Процесот на дегенерација почнува на површината на р,скавицата и постепено напредува кон базалните слоеви. На површината од р,скавицата почнува од две причини прво површинските слоеви на р,скавицата се под влијание на ензимите хијаруронидаза, фосфатаза , дијастаза кои се наогаат во синовијалната течност и ја разградуваат р,скавицата. Втората причина е што базалните слоеви на р,сквицата подобро се прехрануваат од субхондралната коска. Хијалината р,скавица го губи сјајот кој нормално е сиво плавкаст. Добива жолтеникав изглед, станува покршлив, ја губи еластичноста, помалку отпорна на оптеретување, површината почнува да станува избраздена и рапава. Процесот на дегенерација продолжува кон базалниот дел при што се ствараат ерозии вдлабнатини и дефекти со различна величина. Во настанатите места на оштетувања зарастува везивно ткиво кое донекаде се обидува да ја замени оштетената и потрошена р,скавица и донекаде да ја одржува функционалноста на зглобот.
Д-р.Толе Битовски физ.одд. “ Пол.Ј.Сандански” Ј.З.О. Здравствен Дом Скопје
Кога оштетувањето ке продолжи и понатаму се зголемува активноста на коскеното ткиво во супхондралната коска. Супхондралната коска почнува реактивно да пролиферира настојувајки да ја преземе заштитната функција на р,скавицата. Тоа најдобро може да се види на местата каде р,скавицата е повеке оштетена. Така коската станува склеротична,многу густа и цврста. На краевите од коската се јавуваат шилци како резултат на пролиферација на коскеното ткиво на тие места. Тие шилци ги нарекуваме остеофити.
Коската во исто време ги губи трабекулите –гредичките кои и ја даваат цврстината на коската и коската станува остеопоротична на тој дел. Се стварат цистични формации кои може да бидат исполнети со слуз,масно ткиво, фиброзно ткиво, некроточни маси и друго.
На поедини места се забележува задебелување на зглобната шара, поради наталожување на фиброзно ткиво.
Со трошење на зглобната р,скавица се смалува и зглобниот простор.
Артрозните промени на р,бетниот столб настануваат на интервертебралните дискови, пршлените, лигаментите, тетивите, мускулите, фасетните зглобови.
Дисковите стануваат дехидрирани , ја губат способноста да задржуваат вода, стануваат покрти , нееластични , се смалуваат во дијаметар. Најпрво се променува нуклеус пулпозус , па потоа анулус фиброзус. На границата помеѓу дисковите и пршлените се јавуваат остеофити, остеопороза, дископатии, промени во меките ткива.
Симптоматологија :Најпрво се јавува болка,која во мирување се повлекува.Болката се појавува при движење, оптеретување, подолго одење , качување и симнување по скали, и друго. Понатаму болката може да се интензивира да се јавува почесто , да не поминува и при мирување. Може да се јави оток со различна големина. Може да се слушаат крепитации крцкање на зглобот при движење. Кај мускулите може да има хипотрофија, атрофија, хипотонија,. Во Супкутаното ткиво може да се јават отоци со наталожување на масно ткиво, лакт и колено . Може да има воспаление на тетивите и лигаментите.
Се појавува ограничена и болна подвижност во зглобовите.
Клиничката слика кај р,бетниот столб се одликува со симптоми во зависнот од локализацијата на дегенеративните промени. Цервикокраниален сѕ, ,цервикоцервикален, цервикобрахиален сѕ, торакален сѕ –дорсагија, лумбален сѕ, лумбоишиалгичен сѕ, сакрален и кокцигеален сѕ.
Дијагностицирање:
Анамнеза
Клиничка слика
Лабораториските испитуавања во крвта и мокрачата.
Иследување, РТГ, КТ. МРИ. ЕЕМГ, и други.
Лечење: Лечењето на дегенеративните заболувања е индивидуално кај секој пациент.
Во општи мерки имобилизација, аналгетика, облози, креми,одмор, ортопедски помагала, корекција на деформитети, како равни стапала, кифоза, сколиоза, хормонска терапија, миорелаксатори,
Функционалната терапија опфаќа физикална терапија , кинезитерапија, работна терапија окупациона терапија , балнеотерапија, и сите други процедури во физикалната медицина и во поново време и алтернативната медицина .
Од ортопедски мерки може да се применат:
-пункција на зглоб
-артроскопија
-артротомиа –отварање на зглоб,
-капсулотомиа синовектомија
-артролиза со операција се овозможува подобра подвижност на зглобот
-ресекција на зглоб се отсранува проксимален и дистален дел на зглобот
-отворена репозиција на зглоб
-артродеза со операција се укочува зглобот
-артропластика вестачки зглоб
Превентивни мерки : Совети и редовни контроли уште од најрана детска возраст.
Автор: Д-р.Толе Битовски физ.одд. “ Пол.Ј.Сандански” Ј.З.О. Здравствен Дом Скопје



