Промени го животот веднаш и сега!
НАПРАВИ ПРОМЕНИ УШТЕ ДЕНЕС, РАЗМИСЛУВАЈ ЗА ИДНИНАТА, ДЕЈСТВУВАЈ БЕЗ ОДЛОЖУВАЊЕ!
Како што кажал Волт Дизни “The way to get started is to quit talking and begin doing.” Начинот да започнеме е да престанеме да зборуваме и да почнеме да дејствуваме. Зошто сите чекаме да се случи чудото? Зошто не започнуваме со промени? Кога ќе се судриме со тешкотии или не сме задоволни од моменталната ситуација често имаме надеж дека нештоили некој ќе не спаси, наскоро или во наредните неколку дена. Но свесни сме дека во реалноста тоа ретко се случува. Тоа што навистина се случува е дека негативно врз негативно почнува да се таложи на нас, и дека убавата цел, таа чудесна светлина која сакаме да ја постигнеме е се подалеку од нас. Ние единствено го имаме само овој еден живот и зошто да не ја прегрнеме промената за да научиме и израснеме. Во тој процес ние вложуваме среќа за нашата иднина.
Зошто се плашиме од промени?
Ние сме родени за да се менуваме. Како бебиња не се плашиме од промени и без тие промени ние никогаш не би научиле да одиме или зборуваме. Како возрасни, треба да запомниме дека промената е добра работа. Кога ќе најдеме дека работите не се добри за нас, не работат за нас треба да ги промениме нашите постапки, дејствија за да создадеме, креираме различен исход. Ако не се обидеме со нешто ново, ние никогаш нема да знаеме дали тоа работи за нас. На пример, ако сакаме мирен живот, но наоѓаме дека животот ни е полн со драма нешто треба да промениме. Оваа промена значи дека треба да се одделиме од оние кои се чини дека ја создаваат драмата. Тоа не значи дека треба да ги отстраниме сите членови од фамилијата и пријателите од нашиот живот, туку да ги држиме врските со креаторите на драмата на минимум. Да поставиме граници до каде може да влегуваат во нашето лично пространство, во нашиот живот. Ова е исто така перфектно сценарио за внатрешна мотивација. Еднаш кога ќе почувствуваме мир во нашиот живот тоа ќе направи да се чувствуваме добро и тоа чувство е тоа нешто што не држи мотивирани за новите избори што ќе ги направиме.
Стравот од неуспех
Стравот од неуспехот го има скоро секој човек на планетава но во исто време тој на сите нас ни помага да се развиваме. Ако нашите предци се откажувале поради страв од неуспех светот денес ќе изгледаше сосема поинаку, на пр. можеби ќе немаше водовод или струја. Науспешните обиди водат до учење и растење. Денес ние имаме многу покомфорен живот бидејќи тие никогаш не се откажале да се обидуваат со нешто ново. Тие не дозволиле стравот да ги спречи. Да го фрлиме стравов во ветар и да се обидеме. Ако неуспееме, треба да станеме и повторно да се обидеме. Менување на курсот се разбира дека може да е страшно, но и да не успееме, сме се обиделе, сме научиле и сме станале и сме се обиделе нешто различно.
Зошто тогаш сите одложуваме? Од утре е најчестото објаснување. Зошто да се чека до утре за да се направат промени?
Стара поговорка е, Не го оставај за утре тоа што можеш да го направиш денес. Зошто да чекаме до утре за да направиме промена? Колку повеќе одлагаме толку е потешко и поверојатно дека нема да направиме. Одлагањето не е збор кој ни е потребен во нашите животи. Ако добро погледнеме, ние ќе најдеме една работа која не прави несреќни. Да направиме промена денес. Можеш да ја направиш – едноставно, направи ја промената.



