Светска терапија бр.1 – Радиобранови

Секој посакува убав и здрав изглед на сопствената кожа.  Тимот на метаболизам  побара совет од  др.Горица Дачевска (специјалист дерматовенеролог од сопствената здравствена установа др.Горица) за тоа како и дали може безболно и неагресивно да се отстранат младежите, брадавиците и другите  кожни израстоци. Докторката ни ја посочи методата со Радио бранови за која ни потенцираше дека се работи за врвна терапија која дава извонредни резултати а вие прочитајте зошто!


Радио бранови се моментално светска терапија број 1 за безболно бескрвно и естетско беспрекорно отстранување на младежи, брадавици, меки фиброми, капилари и кондиломи.

 

Во Македонија доста често се сретнуваат вирусни заболувања на кожата кои се манифестираат во облик на брадавици. Овие брадавици се доста контагиозни-заразни и можат да се пренесуваат на други особи. Друг начин на пренесување е автоинокулација т.е тие на кожата на веќе контаминираниот пациент се расејуваат и им се зголемува бројот. Овие промени најчесто се јавуваат на вратот, под пазувите, горниот дел на телото, очните капаци и на грбот. Промените можат да бидат поединечни но најчесто се повеќе на број. Се сретнуваат кај пациенти од 20 до 50 годишна возраст, а кај децата се ретка појава. Промените се бенигни со вирусно потекло.

 

         Видови на вирусни брадавици.

  • Veruca vulgaris –  се појавуваат секаде по телото но може и на лицето.
  • Veruca plane –  се појавуваат на лицето, градниот кош и на стомакот.
  • Papilomi –  присатни се на вратот, под мишките и на препоните.
  • Molluscum contagiosum – имаат облик на меурче или бубулица , доста се заразни и бргу се расејуваат.
  • Condylomata acuminate (kondilomi) – полови брадавици кои се јавуваат на половите органи.

 

Бидејќи овие промени брзо се шират потребно е нивно брзо отстранување. За нивно трајно елиминирање идеално средство се радио брановите. Докажано е дека радио брановите даваат подобри резултати од другите методи, како течен азот, термокаутер  и кератолитици. Рецидивите се ретки, а процент на излекување 97%. Отстранувањето на брадавиците е безболно при што се користи анестезија во облик на крем, а потребен е само еден третман. Кај лекување на половите брадавици неопходно е лекување на двата партнери истовремено бидејќи кондиломите се пренесуваат најчесто по сексуален пат.

 

Радио брановите минимално го трауматизираат ткивото а лузните се неприметни. Методата  е безбедна и бескрвна а дури може да се рече елегантна. Пациентите немаат чувство дека се подложени на хируршки зафат. Стресот од самата интервенција е многу мал и пациентите може веднаш после самата интервенција да продолжат со своите секојдневни работни и домашни обврски.

 

Брадавиците околу очите можат да се отстранат без било каков ризик за очите.