На кои нешта не треба да губиме време за да се променат?

Едно од најтешките работи во тек на созревањето и израснување во животот е да се научи кога треба да се делува и да се обидеме да ги промениме работите, а кога едноставно да ги оставиме и надминеме.  Ние, луѓето ги гледаме работите како рефлексија на тоа што се. Независно колку ние и да се трудиме некому да помогнеме, бескорисно е сѐ додека тие самите не посакаат да се променат себеси и својата перспектива. Но да не разбереме погрешно. Да се биде постојан и напорно да се работи за постигнување на целите и за промена на работите кои можеме да ги промениме е многу ефикасен начин да се постигне било што. Но, ние треба да сме доволно умни и да знаеме кога треба да прифатиме одредени работи такви кави што се.


Кои  се тие работи за кои не треба да губиме време и нерви за да ги промениме?

Независно колку сурово и грубо ова звучи, вистината е дека – Не секој ќе нѐ сака. Во обидите сите да нѐ сакаат се губиме себе си, стануваме невидливи, ги блокираме нашите вистински бои да сјаат преку перфектните маски кои ги ставаме спрема ситуациите и спрема луѓето.  Да оставиме луѓето да нѐ видат и знаат навистина кои сме. Тоа ќе ни донесе пријатели, партнери и соработници кои навистина се за нас. Затоа, нема потреба да бараме потврда од целиот свет. Невозможно и нереално е да очекуваме сите да не сакаат. Друго нешто што треба да прифатиме е дека Вината не може ништо да промени . Чувствувајќи се виновни за  грешките од минатото ние нема да ги поправиме. Вината само ќе нѐ држи приковани во минатото, во негативното и имобилизирани да тргнеме нанапред. Наместо тоа, треба да ги прифатиме и разбереме нашите грешки и најважно, да ја научиме лекцијата од нив, тие се тука да ни помогнат да пораснеме.

Споредбата со другите

Ние можеме да се споредуваме само со самите себеси Споредувајќи го својот успех, изглед и богатство со другите прави да се изгубиме себеси во тој процес. Секој од нас е единствен, уникатен  и затоа не може и не треба да се споредуваме со некој друг. Можеме да се споредуваме само со претходното Јас. Денес Јас сум подобар од Јас вчера. Животите на другите луѓе не треба да нѐ интересира, тоа е патот што они го избрале. Единствено нешто за што треба да се грижим е да бидеме подобри денес отколку што бевме добри вчера.  Исто така Ние не можеме никого да промениме. Секој обид да се промени некоја личност која не сака да се промени и да се откаже од своите деструктивни поведенија или верувања ќе биде контрапродуктивно, бидејќи нејзините механизми на одбрана  ќе изградат зид толку голем и силен да ниеден наш збор не ќе може да го турне. Единствен начин да се помогне некому е да се остави тој да биде свој и да сфатиме дека секој има свој пат и дека тие ќе се занимаваат со своите проблеми кога ќе дојде нивното време.  За тоа како се чувствуваме одговорни сме ние самите. Било што некој да каже или направи може да има влијание на нас само ако тоа му го дозволиме. Ние не можеме да ги контролираме мислите и акциите на другите луѓе, но ние можеме да избереме како тоа ќе влијае на нас. Кога ќе научиме како да не дозволиме реакциите на другите да влијаат на тоа како се чувствуваме ќе зачуваме енергија за работа на себеси, да станеме подобро Јас. На крај  Да не заборавиме дека не сме бесмртни. Многу од нас ја ставаат работата на прво место и влегуваат во маѓепсан круг на постигнување и грабање повеќе и сѐ повеќе. Забораваме да застанеме, да се одмориме, да се погрижиме за здравјето и да поминеме време со тие што ги сакаме. Ние мислиме дека го имаме целото време на овој свет. Но треба да сфатиме дека нема да бидеме на оваа планета засекогаш. Што порано ова го разбереме толку подобро, за да престанеме да се исцрпуваме и да го цениме животот кој го живееме и да се грижиме за своето ментално и физичко здравје.

Ние сите ги сакаме и им се восхитуваме на тие кои се автентични и се свои. Да заборавиме на можноста да бидеме перфектни. Перфекционизмот е нереално очекување. Животот е како да се научиме да се справиме со несовршеноста.

 

Автор

Д-р. Маја Милованчева Поповска

Доктор на медицински науки