Коку брзо можат да се заболат белите дробови со вирусот Корона?

Изненадувачки брзо расте бројот на заболени од вирусот, не само во кина туку и во Европа. Еден анонимен  претставник на хонгкогшките здравствени власти за германската агенција ДПА даде  со црни прогнози дека бројот на нерегистрирани инфицирани лица во моментов е околу 25.000 лица. Повеќе од  100 лица починаа како последица на вирусното заболување. Најпогодени се повозрасните  лица, а починатите претходно имале некое сериозно хронично заболување. Потврдени заразени случаи има и во Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, САД, Канада, Франција, Германија. Азиските соседи и повеќе аеродроми во други земји низ светот во  воведоа  строги здравствени контроли за треска и други заштитни мерки при влез и излез од државите. Општата паника и нервоза помеѓу луѓето доведе и до пад на акциите на азиските берзи.

Како би можел да се  пренесе вирусот?

Како што веќе знаеме кинеските здравствени власти објавија  дека вирусот се пренесува и од човек на човек. Се работи на праѓањето  колку лесно може да се пренесе и дали потоа мутира и се прилагодува. Потврдено е дека вирусот првпат е регистриран на затворениот рибен пазар во Вухан, се смета дека изворот на заразата е пазарот во кој се  продаваат  диви животни. Најверојатно вирусот се пренел преку директен контакт од животно на човек (зооноза), или како и многу други микроби – едноставно преку воздухот. Исто така зооноза е можна и преку храна,поточно  при конзумирање на месо или други  производи од животинско потекло ако истите не се добро термички обработени или доколку се  приготвени во нечисти услови – тогаш тие би можеле да   претставуваат извор на инфекција.

Некои факти за вирусот!

Експертите по генетика минатата година го изолираа новиот корона-вирус под кодот nCoV. Тој се  досега не бил дијагностициран кај луѓето се до заразата. Корона-вирусите за научниците  се познати уште од 1960 година. Името е изведено од испакната протеинска структура во облик на круна на пликот на вирусот. Она што го обкјасниваат експертите е дека всушност  корона-вирусот не е нешто невообичаено. Често овие инфекции би можеле да бидат безопасни и поминуваат како со симптоми на грип пропатени со  треска, кашлица и затнатост. Исто така може да се појават болки во желудникот и дијареја. Додека , корона-вирусите можат да бидат незгодни и  разновидни по дејствување – тие им припаѓаат на РНА вирусите кои се подложни на голема генетска варијабилност. Што би  значело : многу лесно можат  да измутираат и да заразат различни видови.  Можат да предизвикаат  потешки белодробни заболувања, гушење и пневмонија, би  можело  да доведат  до смрт, многу е битно каков е имуниот систем на заболениот.

Кои мерки треба и се превземаат?

Многу малку недостасува за да СЗО  прогласи  меѓународна вонредна здравствена состојба. Тука секако  спаѓаат мерките  за карантин, заострени гранични контроли, формирање посебни центри за превенција и третман на заболените, или пак ограничувања при меѓународниот сообраќај.  Досега СЗО нема преземено некаков поголем чекор од вообичаените препораки кои ги дава.  Во Кина и на аеродромите на повеќе азиски држави, во САД и некои земји во Европа воведе контроли за проверка на телесната температура на патниците.

Секако и понатаму важат општите правила кои секј поеднечно ќе треба да се придржува за хигиена и однесување,како и одбегнување на близок контакт со луѓе со акутни респираторни инфекции како и контакт со  живи или мртви домашни и диви животни,возрасните и децата задолжително да имаат  редовно миење на рацете, особено по директен контакт со заразени лица и нивната околина.