Светот ја одбра првата мисица во инвалидска количка за 2017
Занимливости
Александра Чичкова од Белорусија е првата светска мисица во инвалидска количка
Првиот светски натпревар за Мис во инвалидска количка се одржа во Варшава. Организаторот нагласи дека целта на манифестацијата е Светот да ја смени сликата за жените во инвалидски колички.
Александра Чичкова од Белорусија е избрана за Мис 2017 во инвалидска количка. Таа беше избрана како најубава и најпретставителна во конкуренција на 24 млади жени претставнички од 19 држави. Чичкова има 23 години и студира психологија.




