Дентогените инфекции настануваат како последица на:

  • Компликациите од денталниот кариес ( нелекувано воспаление на забниот нерв или гангрена на забниот нерв, неадекватно лекувани заби или заостанати корени)
  • Трауматски  и виличните коски
  • Акутна егзацербација на хронична инфекција
  • Импактирани и полуимпактирани заби
  • Инфицирани одонтогени цисти

                                                                                                                   Д-р Ермина Ејупи

 

За тоа дали ќе се развие инфекција и доколку се развие инфекцијата колку ќе се прошири, влијание имаат општата здравствена состојба на детето, видот, бројот и вирулентноста на микроорганизмите, состојбата на имунолошкиот систем и локалната состојба на оралниот медиум на детето. Повеќе подложни на инфекции се децата кои боледуваат од чести акутни, како и од хронични заболувања ( јувенилен дијабетес мелитус, бубрежни и кардиоваскуларни заболувања, ендокрини и метаболни пореметувања и сл. ), кои сами по себе веќе го нарушуваат здравјето на детето и водат кон нивна послаба физичка кондиција. Кај оваа категорија на деца инфекциите имаат акутен тек и тешка клиничка слика.

Клиничката слика на дентогените инфекции кај децата е побурна и потешка во однос кај возрасните. Општите знаци на инфекцијата се: висока температура, забарзан пулс и дишење, треска, малаксалост, општа слабост и сл, додека локалните знаци на инфекцијата се: болка, оток, црвенило на кожата, оток на регионалните лимфни жлезди и пореметена функција, а забот причинител е чувствителен на допир и перкусија.

Клинички се разликуваат четири вида на дентогени инфекции: целулит, флегмона, апсцес и парулис.

Инфекциите на млечните заби се лоцираат во периапикалниот предел, ширејќи се многу брзо долж внатрешните површини на корените на забите. Ова е резултат на физиолошка ресорпција на корените на млечните заби. Оттука, инфекцијата може да се насочи кон букално, но и кон трајниот заб заменик, или во двете насоки.

Терапијата на дентогените инфекции може да биде конзервативна ( ординирање на аналгетици, антибиотици и ендодонтска трепанација на забот причинител ), хируршка ( инцизија, дренажа, екстракција на забот причинител ) или комбинирана.

Во МЕДИКА Истанбул Тетово, одделот за стоматологија заедно со својот врвен и стручен тим и најсовремената апартура којашто ја поседува, е секогаш тука за Вас пружајќи ви беспрекорна здравствена услуга.

Закажете термин на 044 344 414, или на е-маил: contact@medicaistanbul.mk.

Пишува: Д-р Ермина Ејупи, стоматолог во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово

E-mail: ermina.ejupi@medicaistanbul.mk