Dioptra постои 25 години на пазарот во Македонија водејќи се од клучни принципи кои редовно го зацврстуваат успехот на пазарот. Шесте круни го красат успехот на Dioptra. Dioptra Couture, Dioptra Optics и Dioptra Outlet редовно се надградуваат овозможувајќи бројни опции за лицата кои сакаат да го истакнат својот карактер и стил преку големиот избор на диоптриски очила и очила за сонце. Како секој човек така и секој салон на Dioptra има свој карактер и на најразлични начини ги задоволува потребите и на најуникатните индивидуи.

Темелот на секоја надградба која ја воведува Dioptra во својата понуда потекнува од мотивацијата која ерезултат на желбата да им се помогне на луѓето кои имаат проблем со видот. Новиот чекор на Dioptra кон исполнување на оваа желба доаѓа од најновиот софтвер за преглед на очи, Eye Genius од Hoya.
Офтамолошката оптика е насочена да овозможи подобар вид за секого. Секојдневно има нови филтри или дизајн на мултифокални леќи, но ова што јапонскиот бренд Hoya го постигнувае најдобро и на глобално ниво. Очите се посебен орган и секое око формира своја слика, а фузирањето на тие две слики во една ни го дава стереоскопскиот вид. Многу често формирањето на тие слики е на различни места на ретината и иако пациентите имаат совршена корекција и сто проценти визус, сепак при поголем замор, независно дали од близина или далечина, им предизвикува главоболки и вид на латентен страбизам.

Eye Genius софтверот ги открива тие несразмерни (диспартни) точки и најмалите проблеми со стереоскопскиот вид, што овозможува 3Д–гледање или чувство на длабочина. По тестот, кој вклучува неколку апликации, резултатот од потребното поместување на сликата со помош на призматска корекција, се аплицира на посебни леќи од страна на софтверот. На тој начин, секој добива персонализирани леќи и одличен бинокуларен вид. Истите може да бидат надополнети и со BlueControl заштитата од Hoya која рефлектира дел од сината светлина емитирана од електронските уреди и при тоа помага во отстранување на напрегањето на очите, главоболките, заморот и заматениот поглед. Прегледот на Eye Genius е базиран на интерактивна процедура која вклучува 80 тестови во која пациентите се директно инволвирани. Тој е најбрзото решение за медицинските проблем за очите и дава идеално призматично решение под 10 минути. Eye Genius е новитет на светскиот пазар и е испитан во неколку врвни институти. Dioptra се први во регионоткои го инсталирааEye Genius и со тоа целида им понуди беспрекорен вид на клиентите. Сите потребни мерења се прават со најсовремената опрема за резултатот да е професионален и прецизен.