Иако се нарекува болест кинетозата е всушност состојба која се јавува при патување. Може да се јави при патување на копно(возило, воз), вода (брод, чамец) или воздух (авион).  Причината поради која настанува е нерамнотежата помеѓу движењето регистрирано со видот и  чувството за движење во внатрршното уво (полукружните канали).  Се смета дека 90% од луѓето барем еднаш страдале од кинетозадодека кај 50% се повторува повеќе пати. Децата под 2 год.Се поштеденизаради незрелитесетилни органи и повозрасните заради оштетени сетила. Жените се повулнерабилни особено во менструалниот период и периодот на бременост.

Кинетозата се манифестира со студена,бледа и испотена кожа, зголемена саливација, главоволка, агитираност, вртоглавица, гадење, повраќање, замор, намален апетит дури и по 2-3 часа од патувањето.

Најдобро е да се делува на превенирање на кинетозата пред патување. Препорачливо е добар одмор, сон, лесен оброк пред патување, избегнување алкохол, кафе и цигари. Често конзумирање на мали количини вода може да биде од помош како и бонбони од ѓумбир. Да се избегнува гледање филмови и читање на книги, како и потсетување на претходни непријатни искуства. Дистракција со било каква активност на пример слушање музика може да превенира кинетоза. Патување со затворени очи или спиење може да биде попријатно. При патување треба да се завземе средината на превозното средство (авион, воз) или во автомобил предното седиште со поглед напред. Може да се примени и методот на адаптација кој овозможува комплетно и долготрајно ослободување од кинетозата,а за разлика од медикаментите без несакани ефекти.

Кај лицата кои се склони да страдаат од  кинетоза, истата може да биде предизвикана и при играње на симулациски видео игри или при гледање филмови во кино .

При појава на симптомите помагаат препарати на база на ѓумбир,доток на свеж воздух, легната положба на телото и ако е возможно да се направи пауза од патувањето. Лекови кои можат да се применат и се достапни кај нас се седативните антихолинергици,  Dimenhydrinat (Dramamine) и антидопаминергици, Metoclopramid (Reglan). Се препорачува лековите да се земат пред почеток на патувањето.

 

Автор:

Д-р. Александра Спасовска

спец. по семејна медицина во Про Медика Скопје