Портокалот (Citrus aurantium)  спаѓа во групата на јужните овошја кое едноставно е едно од најомилените кај сите генерации. Децата уживаат додека го лупат и потоа со многу поголема радост се насладуваат. Давајте им го ова овошје на вашите најмили и секако често консумирајте го и вие.  Знаеме да посегнеме по портокалот при нарушено здравје но нутриционистите ни ја посочуваат неговата секојдневна примена. Ова овошје не се препорачува да го конзумираат луѓе кои имаат проблеми со желудникот и гастритис.

Содржи најмногу Витамин Ц од витамините, како и витамини Б,А и Е. Од минералите содржи најмногу калциум, потоа калиум, магнезиум, и фосфор. Во својот состав има многу шеќери и олигоелементи со што претставува одлично енергетско средство за организмнот. Ја подобрува анемијата, ги зацелува раните, прави елиминација на слободните радикали на организмот.

Портокалот треба да се конзумира исклучиво свеж без никаква термичка обработка. Некоклку научни истражувања го изнеле фактот дека со редовно конзумирање на ова овошје за 19% се намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Сето ова се должи поради моќта да го намали холестерот во крвта како и да ја подобри работата на целиот кардиоваскуларен систем на човечкото тело. Се работи за голем антиоксиданс како и детоксикатор на телото со моќност да ги елиминира канцерогените промени во ткивата.