На тема деца и детски развој сме пишувале неколку пати во метаболизам.мк но не и за носењето на дечињата на фризер.  Сигурно сте присуствувале на случка во која детенцето вреска а родителите или баба и дедо го држат во раце. Ова ниту малку не е пријатно за детето, но и за присутните од страна. Не можеме да очекуваме децата до 4 годишна возраст веднаш да прифатат да се шишаат и да седнат како нас возрасните. Чест на исклучоци има и такви дечиња но повеќето од нив имаат страв од непознатото (од тоа што ќе се случи кога чичкото или тетката со ножичките и машинката во рака ке прави со косата на детето.)  За посетата на фризер потребна е подготовка. Да се однесе неколку пати детето во фризерницата во која вие одите, да се запознае со вработените таму, да види дека им мама и тато како се шишаат, како и другите присутни дозволуваат вработените во салонот да ги чепкаат за коса, да ги шишаат и сл. Со многу зборување па и со играчки кои имаат ножички, чешел, машинка да си играте фризери со вашето дете е супер начин на подготовка. Доколку се обидете со сила да го шишате вашето дете верувајте, му правите траума која ќе создаде одбивност за да посети фризерница во иднина.  Го посетивме фризерското студио Cut and Cut ја најдовме тетка Тина (Валентина Димовска)  со ножичките в рака како со голема другарска насмевка ги шиша близначињата Ива и Марко Митровски. Ја прашавме дали е тешко да се соработува со деца?

  • Работата како фризер е многу креативна работа. И посебно задоволство е кога со свои раце ќе допридонесам за нечија среќа. Наши клиенти се од сите возрасти од нај малите до нај возрасните. Бидејки ме прашавте за најмалдите клиенти ќе ви кажам. Низ годините наназад во постојан контакт со родителите и со бабите и дедовците сме и ним и објаснуваме дека насила не е убаво да шишаме детенце. Лошо изгеда кога детенцето е во рацете на родителот, целото преплашено вреска од страв а ние под тој притисок ќе треба да го шишаме, децата се темпераментни мрдааат со главчињата, се слеваат надолу во рацете на родителите и искрено лошо изгледа и  за луѓето од страна. Одлучивме кога некој родител ќе донесе детенце, да ни препушти да разговараме со детенцето. Го замолуваме да ни го донесе детенцето неколку пати во салон за да види дека ние сме му пријатели, дека моментот на шишање не е ништо страшно баш напротив ќе биде убаво детето. Не може детенцето да се ишиша тогаш кога родителот решил, а детето не е подготевено за тоа. Ќе упатам апел до сите возрасни дека треба многу да зборувате со вашето детенце пред да го донесете на шишање, уште еднаш ќе кажам носете го детето со вас да гледа дека неговиот родител се чувствува убаво и безбедно, па дури и со нас да учествува во шишањето на неговиот татко или мајка.

Со кој ви оди полесно со момчињата или со девојчињата? Во некои салони во други земји оваа услуга е поскапа отколку кај возрасните, како е кај вас?

  • Со девојчињата секогаш е полесно (Се смее) Навистина со девојчињата полесно се соработува. Можеби поради тоа што со нивните мајки и баби си прават фризури, врзуваат репчиња, кики, се чешлаат и сл. Истата таа постапка потоа девојчињата им ја прават на своите барбики и кукли, затоа со нив многу полесно може да се соработува. Со момчињата оди потешко и работата со нив е многу поразлична. Тие се срамежливи и посплашени.Обично кај нив практикувам првите шишања да бидат исклучиво со ножички, машинката ја воведуваме подоцна. Кога работиме со деца јас но и целиот тим тука се обидуваме да се спуштиме на нивно ниво што би се рекло. Личо јас секогаш го будам детето во мене, ги засмемујам им правам муабет за цртаните јунаци кои ми се добро познати од моите (Уна и Андреј). Дозволувам мобилни, таблети, изигрувам кловн. Ветувам дека доколку бидат умни и соработуваат со мене ќе добијат петка со срценца, ѕвездички, колички и сл.    Еве денеска бевте сведоци на шишањето на Ива и Марко, тие беа многу умни, соработуваа со мене, на крајот  си добија петки, лижавчиња и пофалби дека се многу убави со новата фризура и се разделивме со многу гушкање. Ме прашавте и за цената. Не кај нас цената не е поскапа од  шашањето кај возрасните,  приближна е но не и поскапа.  За помладите клиенти одвојуваме поголем -дупли термин и иста креативност (кога станува збор за стилот на шишањето) како за возрасен.

Вие и вашиот сопруг сте  одговорни за работата во студиото Cut &Cut, Ги спомнавте Уна и Андреј(вашите дечиња). Колку тие ви помагаат со дечињата кои доаѓаат? Кога се на работа кај мама и тато секакоJ

  • Училиштето на Уна и градинката на Андреј се наоѓаат во близина на студиото, затоа често се случува да бидат присутни кај нас. Тоа за нив претставува задоволство особено доколку им се даде некаква задача. Соработката и убедувањето на дечињата да седнат на столче за шишање оди многу полесно кога се тие тука, многу интересно и вешто знаат да ги убедат дечињата.

За крај кој е вашиот совет до родителите?

  • Можеби ќе се повторам со она што го кажав пред маку, но навистина е така. Слушајте го вашето дете, почитувајте ја неговата желба. Ако вашата желба е детенцето да биде шишано разговарајте со него, однесете го кај вашиот фризер, низ разговор, игра и наша помош детето ќе се увери дека посетата на фризерски салон е убава, дека со тоа ќе изгледа поубаво. Убедете го дека вие би биле горди родители на неговата одлука да се ишиша. Нека средувањето на косата стане навика уште од раната детска возраст.