Гинеколошкиот преглед е особено важен во животот на секоја жена. Доколку се грижите за Вашето здравје, без разлика на немањето никакви симптоми или тегоби, гинекологот треба да го посетувате најмалку еднаш во годината.

Првиот гинеколошки преглед се препорачува по добивањето на менструалниот циклус, а особено е важно да одите на редовни гинеколошки прегледи пред и по започнување со сексуалниот живот. На тој начин, навремено ќе се информирате за можните сексуално преносливи болести, несаканата бременост, патолошките промени на грлото на матката, но и за нивна навремена превенција. Се препорачува и превентивен гинеколошки преглед со ултразвук, земање на брис за ПАП-тест, односно едноставна и брза метода со која се откриваат инфекции, но и навременото откривање на раните знаци на рак на грло на матка.

 

 

Доколку чувствувате некаква тегоба, непријатност, вагинален исцедок, болка или пак промена, задолжително посетете го Вашиот гинеколог и заштитете се на време.

Одделот за Гинекологија во МЕДИКА Истанбул е секогаш тука за следење и водење грижа за женското здравје. Тука сме да ви понудиме најквалитетна здравствена услуга, од рутински гинеколошки прегледи, припрема и следење на бременост, едукативни пренатални совети за мајки и млади брачни парови, па се до прегледи и советувања во менопаузата.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Одделот за Гинекологија во МЕДИКА Истанбул Тетово работи со Фондот за здравствено осигурување. Со тоа, прегледот кај матичниот лекар не се наплаќа!

Ние се грижиме за Вашето здравје. Закажете термин на 044 344 414 или на contact@medicaistanbul.mk