ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ!
Коку брзо можат да се заболат белите дробови со вирусот Корона?
Изненадувачки брзо расте бројот на заболени од вирусот, не само во кина туку и во Европа. Еден анонимен претставник на хонгкогшките здравствени власти за германската агенција ДПА даде со црни прогнози дека бројот на нерегистрирани инфицирани лица во моментов е околу 25.000 лица. Повеќе од 100 лица починаа како последица на вирусното заболување. Најпогодени се повозрасните лица, а починатите претходно имале некое сериозно хронично заболување. Потврдени заразени случаи има и во Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван, САД, Канада, Франција, Германија. Азиските соседи и повеќе аеродроми во други земји низ светот во воведоа строги здравствени контроли за треска и други заштитни мерки при влез и излез од државите. Општата паника и нервоза помеѓу луѓето доведе и до пад на акциите на азиските берзи.
Како би можел да се пренесе вирусот?
Како што веќе знаеме кинеските здравствени власти објавија дека вирусот се пренесува и од човек на човек. Се работи на праѓањето колку лесно може да се пренесе и дали потоа мутира и се прилагодува. Потврдено е дека вирусот првпат е регистриран на затворениот рибен пазар во Вухан, се смета дека изворот на заразата е пазарот во кој се продаваат диви животни. Најверојатно вирусот се пренел преку директен контакт од животно на човек (зооноза), или како и многу други микроби – едноставно преку воздухот. Исто така зооноза е можна и преку храна,поточно при конзумирање на месо или други производи од животинско потекло ако истите не се добро термички обработени или доколку се приготвени во нечисти услови – тогаш тие би можеле да претставуваат извор на инфекција.
Некои факти за вирусот!
Експертите по генетика минатата година го изолираа новиот корона-вирус под кодот nCoV. Тој се досега не бил дијагностициран кај луѓето се до заразата. Корона-вирусите за научниците се познати уште од 1960 година. Името е изведено од испакната протеинска структура во облик на круна на пликот на вирусот. Она што го обкјасниваат експертите е дека всушност корона-вирусот не е нешто невообичаено. Често овие инфекции би можеле да бидат безопасни и поминуваат како со симптоми на грип пропатени со треска, кашлица и затнатост. Исто така може да се појават болки во желудникот и дијареја. Додека , корона-вирусите можат да бидат незгодни и разновидни по дејствување – тие им припаѓаат на РНА вирусите кои се подложни на голема генетска варијабилност. Што би значело : многу лесно можат да измутираат и да заразат различни видови. Можат да предизвикаат потешки белодробни заболувања, гушење и пневмонија, би можело да доведат до смрт, многу е битно каков е имуниот систем на заболениот.
Кои мерки треба и се превземаат?
Многу малку недостасува за да СЗО прогласи меѓународна вонредна здравствена состојба. Тука секако спаѓаат мерките за карантин, заострени гранични контроли, формирање посебни центри за превенција и третман на заболените, или пак ограничувања при меѓународниот сообраќај. Досега СЗО нема преземено некаков поголем чекор од вообичаените препораки кои ги дава. Во Кина и на аеродромите на повеќе азиски држави, во САД и некои земји во Европа воведе контроли за проверка на телесната температура на патниците.
Секако и понатаму важат општите правила кои секј поеднечно ќе треба да се придржува за хигиена и однесување,како и одбегнување на близок контакт со луѓе со акутни респираторни инфекции како и контакт со живи или мртви домашни и диви животни,возрасните и децата задолжително да имаат редовно миење на рацете, особено по директен контакт со заразени лица и нивната околина.