Во овој период на годината скршениците се доста актуелни поради замрзнатите подни површини од минустите температури. Доволно е едно мало невнимание да направи катастрофални последици по здравјето на човекот. Многу е битно како да се пристапи во таквите мигови. Метаболизам.мк денеска го исконтактира Д-р.Тодор Ношпал кој ни даде инструкции што треба да се превземе при стршеници (фрактури).

Траумите, или повредите на човечкото тело, зафаќаат голем дел од медицинската наука, а различните типови на повреди се третираат од страна на соодветни хируршки специјалности.

Скршениците, како дел од повредите на локомоторниот апарат, претставуваат нарушување на интегритетот и континуитетот на коската. Тие во дадени услови можат да настанат заради:

– Директно дејство на некоја сила;

– Индиректном, при одредени спреги на сили;

– Спонтано, при одредени заболувања (метаболни, бенигни или малигни тумори).

Во принцип, кај сите скршеници се јавува:

  1. Болка;
  2. Деформитет, нестабилност, или губење на функцијата на коската (потпора, движење);
  3. Оток и црвенило.

 

ПРВА ПОМОШ при изолирани траума на локомоторен систем: Запирање на било какво крварење, поставување на импровизирана имобилизација во што е можно подобра позиција на скршената коска-екстремитет, поставување на мраз, транспорт до најблиска болница (Ортопедско одделение).

Постојат повеќе поделби во зависност од типот на скршеницата, кои го одредуваат начинот на лекување. (отворени-затворени, комплетни-инкомплетни, прави-коси-спирални, единечни-мултифрагментрни, зглобни-интер или интраартикуларни). Во најголем број на случаите, фрактурите на коската се проследени со повреди на меките ткива.

За поставување на соодветна дијагноза потребено е:

  • Добра анамнеза и клинички преглед;
  • Дополнителни клинички иследувања:
    1. Нативна рендгенска слика
    2. КТ
    3. МРИ

Правилно поставената дијагноза нè води кон соодветниот начин на лекување на скршеницата.

Лекувањето во основа се состои во некрвава или крвава (оперативна) репозиција на скршеницата, мирување или имобилизација на одреден период (од неколку дена до 2-3 месеци), како би можела коската правилно да зарасне. Начинот на кој се обезбедува мирување може да биде:

  • Конзервативен, кој се состои од некрвава репозиција и поставување на гипсена имобилизација и најчесто се применува кај затворени, некомплицирани скршеници, од два фрагмента, кои имаат добра осовина и контактна површина (времетраење на лекувањето е обично од 4-8 недели);
  • Оперативен, кој се применува кај покомплицирани случаи, кај кој треба отворена репозиција на фрагментите и нивна фиксација (внатрешна или надворешна). При оперативниот начин на лекување, со добра фиксација на скршеницата не е потребна имобилизација и скратено е времетраењето на лекувањето.

Ортопедско-Трауматолошко одделение во болницата МЕДИКА Истанбул во Тетово, кое го сочинуваат врвни специјалисти од областа на Ортопедијата и Трауматологијата на локомоторниот апарат, потпомогнати со Дијагностичкиот центар и најсовремената медицинска опрема и апаратура (ЕХО, ДЕКСА-СКЕН, РТГ, КТ, МРИ, ПЕТ-СКЕН), успешно се справуваат и ги решаваат сите предизвици кои ги носи модерниот начин на живеење, при кои неретко се случуваат повреди и скршеници на коските и меките ткива.

 

Пишува: Прим. Д-р Тодор Ношпал М-р Сци. Раководител на Одделението за хирургија и физикална медицина ,Болница МЕДИКА  Истанбул Тетово

Е-маил: todor.noshpal@medicaistanbul.mk