Синдром на иритабилно црево (СИЦ)
Препознавање и лекување при иритација на колон
Синдромот на иритабилно црево претставува функционално гастроинтестинално пореметување со симптоми кои можат да се доведат во врска со средишниот или дисталиот дел на гастроинтестиналниот тракт, а се манифестира со абдоминална болка и/или нелагодност поврзано со дефекација и/или промена на ритамот на цревното празнење +најмалку 2-3 од следните критериуми : олеснување после дефекација, промена на честотата на дефекација и промена на конзистенцијата на столицата. За да може еден пациент да се дијагностицира со овој ентитет потребно е горенаведените симптоми да перзистираат најмалку три дена месечно во консекутивни три месеца.
Како посебен ентитет овој синдром заслужува посебно внимание, поради тоа што се повеќе од пациентите кои бараат помош поради наведените тегоби припаѓаат на младата популација, така во светски рамки се смета дека во дури 28% од гастроинтестиналните прегледи припаѓаат на оваа групација. Присутна е кај 10-20% од возрасните, со поголема инциденца во поразвиентите земји од Западен свет, со почесто јавување кај жени. Овој синдром допринесува и до намалување на квалитетот на живот поради тоа што е причина за : oтсуство од работа, скратено работно време, промена на работно место, неподнослива болка, ограниченост во исхрана, ургетност за дефекација, ограниченост во спортување, ограничени социјални активости, лимитирани сексуални активности.
Во објаснувањето на етиологијата на овој синдром се уште постојат недокрај објаснети теории и ниедна од нив не дава директен единечен и конкретен фактор кој е поврзан со појавувањето на СИЦ, поради што може да се каже дек причината е мултифакториелна и индивидуална, што не условува и на индивидуалниот пристап кај секој пациент со дијагностициран СИЦ. Сепак , прифатено е дека поврзаноста на факторите кои допринесуваат до појава на овој синдром меѓусебно се поврзани и влијаат една на друга , а тоа најубаво е претставен во следната слика:
Според тоа, од една страна кај лицата со поизразена симпатична активнот на автономниот неуровегетативен центар на поедини стресни ситуации и на тие кои консумираат поголеми количини на храна која содржи масти и јаглехидрати од една страна, а од друга страна кај лица со променет имун одговор и променета цревна физиологија , се јавува состојба на хронична “ инфламација од низок степен “ на самиот зид на цревото, која понатаму допринесува до нарушување на нормалната цревна микробиота ( дисбиоза) и појава на променливост во цревното празнење.
Кај овие пациенти освен претходно напомнатите главни симптоми, се јавуват и попратни тегоби: подуеност , континуирана или грчевита абдоминална болка, променето расположение , депресија , болки во рбетот , проблеми со мокрење.
Неретко симптомите може и да се многу неспецифични, поради што секој пациент заслужува внимателно да биде прегледан за да може да се исклучат други состојби кои даваат слични тегоби. Така да секој лекар треба да биде пртпазлив ако симптомите се јават кај популација после 5-тата деценија, аку има акутно појавување на тегобите, со прогресивни симптоми, ако е попратено со фебрилност, стеатореа, ноќни тегоби или дијареа без абдоминален дискомфор кој поминува после дефекација.
Дијагностичката палета опфаќа низа иследувања – почнувајќи од неинвазивните испитувања ( поопширни лабораториски анализи- испитување мркери на инфламација ,на тироидни хормони, тумор маркери), микробиолошки прегед на столицата, серолошко исклучување на можноста на итолеранција кон глутен/ лактоза /фруктоза , ултразвучен преглед на абдоминалните органи, па до инвазнивни методи како што е долнодигествиниот ендоскопски преглед , односо колоноскопијата.
Терапискиот пристап почнува од самото објасување на пациентот дека СИЦ не е болест и дека тој може да се контролира ако се спроведе соодветен хигиенско – диетален режим. Во храна која треба да се избегнува се брoјат: црвено месо, маснотии, млечни производи, пржена храна, жолчка од јајце, чоколадо, кафе, алкохолни пијалоци. Во одредени количини смеат да сe користат( но не на празен стомак): зрнеста храна, зелка, кромид, лук, грашок, грав, целер, јаболко, ананас. Во храна која е препорачана да с еконсумира се вбројуваат: бел леб, пченица, јачмен, компир, банани, авокадо, морков, киноа.
Ако кај пациентот не се постигнува резултат со хигиено- диететски режим , тогаш се пристапува на медикаментозно лекување и тоа со лекови од група на спасмолитици како монотерапијаили комбинирана терапија ( со антидијатоик / лаксатив) зависно од доминантниот симптом.
Д-р.Дрита Бисљими, специјалист интернист ,
магистер по здравствен и фармацевтски менаџмент, при ГОБ “8-ми Септември” , Скопје