Кралот на болестите

Покачено ниво на урична киселина во телото може да предизвика Гихт. Болеста се јавува кога се пореметени метаболните процеси кои го одржуваат нивото на киселината во крвта. Уричната киселина е продукт на разградба на пурините во телото. Нормално таа се разградува во крвта и се елиминира со урината. Кога телото произведува повеќе мочна киселина или бубрезите не доволно ја елиминираат нејзината концентрација во крвта расте. Тоа се вика хиперурикемија. Тоа може да нема симптоми. Но кога ќе се формираат кристали кристали на киселината во зглобовите и ткивата се јавува гихт.


 

Каква болест е Гихтот, како изгледа?

Пациентите со гихт вообичаено доживуваат ужасна болка поради нападот на гихт. Тоа е акутна и интензивна болка и дискомфорт на зафатениот зглоб која се јавува нагло, без знаци на предупредување и обично почнува ноќе. Зглобот е отечен. Кожата станува чувствителна, воспалена, црвена, сјајна, дури и допир претставува агонија. Болката е најчесто во стопалото, најчесто зафатан зглоб е зглобот на палецот на стопалото. Но може да се зафатени и другите зглобови, стопало, лакот, рачниот зглоб. Насобироци на мочна киселина во меките ткива се викаат тофи и се јавуваат како чворчиња под кожата околу зглобовите и на ушните школки. Кристали од киселината може да има и во ткивото на бубрезите но и да се создадат каменчиња во бубрезите.

 

Кој најчесто заболува?

Болни напади може да се јават во било која возраст но првиот напад најчесто е кај мажите помеѓу 40 и 50-тите години. Гихтот 2- пати е почест кај мажите отколку кај жените, бројот на жени со гихт се зголемува после менопауза. Нападите се поврзани со внес на алкохол и со висок животен стандард, во минатото тоа било “казна” за богатиот живот. Денес и не е баш така, луѓето со гихт имаат генетска склоност за гихт или предуслови од многу други причини. Гихтот може да оди во фамилии, по генерации. Дете чиј родител има гихт може да е зафатено во иднина. Но, генетиката е само еден минорек ризик фактор има многу повеќе потенцијални причини. Но не мора да се алкохоличари и дебели за да добијат гихт.

 

Што се кристалите на гихт и како луѓето ги добиваат?

Кристалите на гихт се заеднички показател на болеста. Се јавуваат поради присуство на урична киселина и/или калциум пирофосфат во телото. Тие предизвикуваат екстремна болка кај пациентот.

 

Која е терапијата за Гихт?

Иако лек нема, повеќето луѓе може да се држат под контрола и да водат нормален живот. Лекувањето најчесто е комбинирано. Се даваат нестероидно антиинфламаторни (противвоспалителни лекови) кои спречуваат создавање на простагландини кои предизвикуваат воспаление и болка. Колхицинот е лек кој се користи за третман на гихт со илјадници години. Тој ја олеснува болката и отокот и помага во спречување на напади во иднина. Иако високо еикасен не е лек на прв избор поради неугодните несакани ефекти. Алопуринолот е лек кој го запира производството на урична киселина. Тој најчесто се користи за долготрајно лекување на пациентите со високо ново на киселината во крвта. Потребна е промена на исхраната, да се намали внесот на храна богата со пурини. Тоа е пиво и друг алкохол, месо и месни преработки, изнутрици, печурки, спанаќ, сардини, соја. Алкохолот не содржи пурини но пречи во излачувањето на киселината. Се препорачува намалување на телесната тежина кај обезни и редовна физичка активност

 

Колку долго трае Гихтот?

Колку ќе трае гихтот зависи од типот на гихт. Луѓе со акутен напад на гихт имаат болка околу 8-12 дена, а симптомите исчезнуваат за 7 до 10 дена. Хроничните пациенти/облици се со болест која трае со години, особено ако не водат сметка за своето здравје.

 

Дали есенцијалните масла може да се користата за третман на гихт?  

Да. Јагорчевина/јаглика, црна рибизла и borage/пореч есенцијални масла може да се користат за третман на гихт бидејќи содрат гама-линолеична киселина (ГЛА), масна киселина која може да ја олесни болката при артритис. Но треба да се внимава , овие етерични масла може да предизвикаат и алергија.

 

Дали јаболковиот оцет е добар за Гихт?

Да. Јаболковиот оцет е докажано ефикасен во нормализирање или алкализирање на крвта, особено кога има екстремно високо ниво на урична киселина. Оцетната киселина во овој оцет се трансформира во ацетат еднаш кога ќе се распадне. Ацетатот потоа се апсорбира во крвната струхја и се претвара во антацид наречен бикарбонат. Се зхголемува алкалноста на крвта. Ова овозможува уричната киселина да стане растворлива и полесно да се филтрира преку бубрезите.

 

Препорака за лицата кои имаат гихт!

Пред се да избегнуваат храна богата со пурини. Колку е поголема содржината на пурини толку повеќе урична киселина ќе се произведе во телото. Ако имате прекумерна тежина да се обидете да ослабете, контролирано. Брзи нагли слабеења не се препорачуваат бидејќи може да ја влошат болеста. Да се избегнуваат обилни тешки оброци богати со маснотии и протеини. И секако, ако имате здрави бубрези да се внесува многу течност, најдобро вода 2 до 3 литри на ден за да се помогне излачувањето на киселината преку бубрезите.

 

Д-р. Маја Милованчева Поповска,

доктор на медицински науки