Наш предлог за денеска е да подготвите здрав и вкусен десерт кој го осмисли нашиот драг пријател Љупчо Бубе Трајчев.   Подгответе здрава алва  со сусамов таан, сонлогледов таан, мед, како или рогач.  Со само неколку состојки ќе направите нешто  превкусно и здраво  за целото семејство особено за најмладите 🙂   Се подготвува брзо и вкусот е незаменлив.

   Домашна природна алва:
– Сусамов таан 40%
– Сончогледов таан 20%
– Мед 40%
Се меша убаво околу 5 мин, убаво да се соедини смесата и спремна е за јадење !
Доколку сакате чоколадна алва, можете да  додадете  какао или рогач.  На фотографијата рецептот е само со додаден  рогач одозгора.
Најздравје !!!