Остеопорозата претставува заболување на коските кое ја намалува густината на калциумската решетка во коските и квалитетот на коскеното ткиво, а со текот на времето, коските стануваат се покршливи.

Се смета дека oстеопорозата засега повеќе од 200 милиони жени на светско ниво. Поради оваа фрапантна бројка статстиката е неуморна и пресметале дека остеопоротски фрактури настануваат секои 3 секунди.

Остеопорозата е болест на женската популација 5:1 во однос на мажите, првенствено поради  менопаузата. Во менопаузата настанува хормонален дисбаланс кај жените, при што недостатокот на хормонот одговорен за депозиција на калциум во коските доведува до нивна лесна кршливост и преосетливост.

Има многу ризик -фактори за појава на остеопороза, меѓутоа најчест е менопаузата, хормоналниот дисбаланс, наследниот фактор, потоа намалената физичка активност, исхраната сиромашна со калциум и магнезиум и др.

Најчести симптоми на остеопороза се:

  • Болки во коските и мускулите
  • Чести фрактури (особено онаму каде има спонгиозна коска, на вратот на бутната коска или на рачниот зглоб, ребра без некоја поголема траума)
  • Намалување на растот, до изгазена подгрбавеност
  • Блед тен
  • Проѕирност на кожата

За утврдување на дијагнозата и за одредување на соодветна терапија, неопходно е хематолошко испитување на кациумот во серум, како и хормонален статус. Исто така,  неопходно е и испитување на густината на коската (ДЕКСА скен, Коскена дензитометрија), за да се одреди степенот на остеопенија или остеопороза.

Во напредните држави ова испитување се прави кај секоја жена која влегла во менапауза, а неопходно е да се направи и пред одлука за поставување на забни импланти, поради можна генерална или локална остеопороза и нивно разлабавување

МЕДИКА Истанбул Тетово располага со најсовремена дигитална технологија за анализа на крвта и хормоните, вклучувајќи ја и остеодезинтометријата, којашто се изведува со ортопедски хирург. Снимањето е сосема безболно, не бара претходна подготовка и за 10-15 минути добивата комплетна слика за густината на коскеното ткиво. Ова е единствениот начин за болеста да се воочи на време и да се одреди терапијата според степенот на остеопорозата.

 Закажете термин на 044 344 414 или на е-маил contact@medicaistanbul.mk