Домашен колач со овошен јогурт.
Домашен колач со овошен јогурт.
Интересен љубовен колач кој секој би можел да го направи. Денеска е денот на вљубените, направете им слатко изненадување на вашите сакани. Следете го рецептот на нашиот пријател и соработник – Шеф Игор Атанасов , шеф во кујната на клиниката Филип Втори. Ви ветуваме вистинско уживање!!!
Потребни состојки:
- 500 мл. слатка павлака
- 700 мл. кисела павлака
- 250 г бисквити
- 1 портокал
- 200 мл овошен јогурт
- 1 кесичка ванилин шекер
Шеф Игор Атанасов , шеф во кујната на клиниката Филип Втори
Подготовка:
Бисквитите се мелат и се додава сок од портокал и 50 гр растопен путер и се нанесува во калап па се остава во ладилник . Потоа се миксира слатката павлака да стане шлаг па се додава киселата павлака и кората од потокалот и се дели на два дела. Во едниот се става и овошниот јогурт по можност да биде од боровница па се додава во калапот и на крај се декорира со остатокот од овошен јогурт по желба и добар апетит.