Колоректален карцином, или рак на дебелото црево и ректумот, е заболување кое зазема се поголем замав во денешно време и се искачува во привите три места како причина за смртност кај луѓето.

Болки во стомакот, нередовна столица, малаксанот, скриено крварење или пак видливо крварење во столицата, анемија, можат да бидат едни од симптомите кои нè наведуваат да помислиме на клороректален карцином.

Во нашата амбуланта по општа медицина, водиме грижа за промените кои се јавуваат кај нашите пациенти, вршиме скрининг тестови за окултно крварење, дури и кога само годините претставуваат единствен фактор за постоење на колоректален карцином.

Позитивен тест, понатаму би значел подетални испитувања од страна на нашите специјалисти и брза организација и спорведување на колоноскопија со чија помош би се визуелизирале, отстраниле одредени промени и би биле земени примероци за понатамошни иследувања.

Со помош на  ПЕТ КТ  ќе откриеме присуство или отсуство на далечни метастази, што е од големо значење за планот на понатамошното лекување и крајниот исход.

Последната постапка во лекувањето е на нашите хирурзи кои ќе се погрижат навремено да го отстранат променетото ткиво и да го продолжат вашиот живот.

Тимската работа и брзата организација се едни од одликите на работењето на МЕДИКА Истанбул Тетово со коишто гордо можеме да се пофалиме. Ваше е да нè посетите и да се уверите.

Пишува: Д-р Тамара Михајловска, општ лекар од приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово

Е-маил: tamara.mihajlovska@medicaistanbul.mk

Закажете термин на 044 344 414, или на е-маил: contact@medicaistanbul.mk