Што да конзумирате против грчеви во текот на бременоста!
Болните грчеви кои можат да бидат непријатен следбеник на трудничките денови, според искуствата на трудниците, најчести се во текот на ноќта кога телото е отпуштено за време на сонот и најчесто се локализирани во пределот на листовите на нозете.
Имено, овие мускулни грчеви се појавуваат како последица на зголеменото оптоварување на нозете поради зголемената тежина во бременоста.
Исто така недостатокот од одредени минерали како што се калиумот, калциумот и магнезиумот значително влијае врз нивната појава.
Прекумерното конзумирање на газирани пијалоци и месни преработки кои предизвикуваат зголемување на нивотот на фосфор во организмот на индиректен начин ја зголемуваат можноста за неочекувана појава на овие навистина непријатни и болни грчеви.

Пред да преминете на суплиментарно надополнување на оптималната количина на минерали во организмот обидете се тоа да го постигнете на природен начин преку исхраната.
Најефикасни во тој поглед се млечните производи и бананите.
Пишува: Д-р Македонка Наумовска
специјалист по гинекологија и акушерство во приватната болница МЕДИКА Истанбул Тетово
Е-маил: makedonka.naumovska@medicaistanbul.mk


